18 October 2012

Radiohead - Live at Ziggo Dome, Amsterdam


Bloom - Opening act

There there

Karma police

Thom Yorke's special moves

13 December 2011

Pias Nites 2011. Videos

dEUS



Crystal Fighters


Balthazar

11 December 2011

[PIAS] NITES

warm up
Balthazar
Balthazar

Tom Barman
dEUS
dEUS
dEUS
dEUS
dEUS
dEUS
[PIAS] NITES
Merchandise
Merchandise
Merchandise
Coming up...
Crystal Fighters
Crystal Fighters

27 May 2011

Скопје на жар

прекинувам длабок блого-мораториум да споделам впечатоци од Скопје Гори 2011
Не можам да останам ладнокрвен на тоа што го видов вчера, па мора овде да се „испразнам“.

Авалон успеале да ги договорат ланските chart-breakers Hurts за концерт во Скопје, ама поради тоа што нивните настапи траат 50 минути решиле да ги вклопат во Фестивалско пакување.
Направиле солиден лајнап за подршка на британците (S.A.R.S., Elemental, Gramophondzije и Чалгија Саунд Систем).
Објавија прецизен тајминг 2-3 дена пред концертот.
Сето тоа личи на добра основа за да лупнат и цена од 15€.

Арно ама...

Освен што се погрижиле настапот на Hurts да звучи како што треба, не направија НИШТО друго.

Фестивалот каснеше саат-и-кусур иако Чалгија СС беа на сцената. Тотално расштимано озвучување. Еден куп луѓе и се изредија на миксетата, дури дојде и Доријан (член на Чалгија).
Некако подесија и во 9:20 почнаа.
Нив секако не им е баш место во Метрополис. Веројатно да се одржеше фестивалот на Кале (нели, поради временски неприлики беше префрлен на саем) ќе беше поинтересно, вака...
Башка тогаш во салата имаше 284 гледачи па ечеше ехо.

Само 5-6 минути по крајот на Чалгаџиите почнаа САРС, веројатно оти не делат инструменти со нив, па озвучувањето требаше да е подесено од претходно. Арно ама не беше, па посведочивме дузина тешки дисторзии и фонии. Дечките избрзаа да го исвират планираното за да ја ослободат сцената во 23:00 за „ѕвездите“.

Тука иде и проблемот што најмногу ми сметаше. За да им се излезе во пресрет на принципиелните англичани и да си го одржат настапот во дефинираните 23:00 Елементал беа префрлени после нив. Океј, ќе си кажеш ништо-страшно. Ама затоа-потоа.

Иако беа во грч, по мое, САРС треба уште малку да ги извежбаат и уиграат песните и аранжманите од новиот албум (кој инаку мене ептен ми легна. одлично, одлично сработено). Сепак, успешно ја анимираа веќе насобраната публика (некои си иљада-и-пе-шесто) и мене ме изненадија со некои нови интересни аранжмани на некои од нивните песни.

Hurts имаа сосем коректен настап. Иако се премногу уфилмани и на моменти „глумат-лудило“, сепак добро звучеа. И озвучувањето за нив беше одлично. Нормално, педесетина минути и еден режиран бис е доволно за „да се запознаеме“. Им посакувам успешен и втор албум, иако мислам дека сепак ќе си останат one-hit-wonder. Може веќе имаше две илјади луѓе во Метрополис.

Откако завршија, останаа бедни пет-шестотини за настапот на Елементал. Сум бил на свирки на овој бенд (Хавана, летна и зимска) каде што сами имаа повеќе публика, но ете, оние кои останавме пробавме да се забавуваме.

Проба и бендот. Како и секогаш јаки и енергични. Ама: „факин-шит“ озвучување. Првите 3 песни не се разликуваше дали пее Реми или Shot. Се слушаа само басот и гитарата. Другото дисторзија.

Се наштимаа некаде на средина на настап, ама од такт ги извади и нив, а и мене тоа што идиотите од Hurts за време на цел настап си ги расчистуваа нивните остатоци од сцена. Пакуваа звучници, демонтираа тапани, клавијатури, ѓаволи-бесови.

Реми не додржа и им објасни: „Јебеш британци ако не ти ја ослободуваат сцената“ (мој слободен превод). Овде мораше организаторот поинаку да реагира. Вака, покрај британците и Авалон не ги испочитува Елементал.

Тоа е. Јас си отидов после нив, веќе беше 1:30. Не знам, ама веројатно на Грамофонџије имаше 96 луѓе во публика.

На крај да додадам, наливно пиво 0,33l беше 100 денари, наливна 0,25l Coke беше 50, ама дечките на 2 шанка ми кажаа: Немаме ситно. Па не земав.

Резиме: Наместо фестивал, ова пак испадна само настап на Hurts. Може ќе кажат од Авалон дека за 15€ сме биле најпривилегирани во Европа за да видиме такви ѕвезди, ама сигурен сум дека и Hurts видоа најмалку публика.
Освен нив, дисторзии, фонии, скапо и празно.
Ептен празно.
Не беше ни „Скопје на жар“, ами „Скопје на свеќа“.

04 June 2010

Што треба да направи фудбалот за да стане NBA

Следам редовно спорт. Ол кајнд (освен формула и шах, тоа не се спортови). Секако најатрактивни и најпопуларни се фудбалот и кошарката (NBA, Евролига не е кошарка за мене). Од фудбалот најмногу време посветувам на Англиската Премиер Лига, Лигата на шампионите, а потоа спорадично сите други национални и интернационални натпреварувања. Светското, Европското и Африканското првенство не ги спомнувам посебно, нив сите ги гледаме.

Последниов месец, особено откако завршија националните првенства и кога сите одбројуваме до Африка2010 отаде барата се игра уште еден плејоф во најатрактивното спортско натпреварување, NBA.

Со овој пост би сакал да претставам неколку мои желби кои би било одлично да се пренесат од NBA во фудбалот.

1. Редовни професионални видео извештаи
Секој нормален спортски фан се има соочено со овој проблем. Фудбалот се гуши во т.н. ТВ-Права, и никој не може редовно да дојде до преглед на некоја средба која не можел да ја гледа во живо. Откако ќе заврши било која средба се случуваат војни на YouTube каде корисниците објавуваат видеа од средбата, головите.., за после неколку часа тие видеа да бидат избришани.
Од друга страна, на NBA.com за секоја средба се појавуваат видео клипчиња со најатрактивните моменти уште додека трае средбата, а веднаш по завршувањето на натпреварот редовно има 4-5 минутен Recap со професионален коментар на случувањата, прес-конференции, интервјуа.
Не гледам причина зошто ова не би било случај и во фудбалот.

2. On-screen статистики за време на натпреварот
Ова е голем недостаток на фудбалските преноси. Не ги знам причините за ова, но споредено со NBA фудбалските преноси од статистички аспект се мизерија. Недоволно е на полувреме или на крај да видиме скрин со: шут на гол, корнери, жолти/црвени картони. Што би сакал да видам:
- Посед на топка по играч (минути)
- Приказ на т.н. set-pieces акции
- Приказ на стилот на одбрана/напад
Овие работи во NBA објаснуваат на гледачите зошто фаци како (актуелниот) Рон Артест е битен за тимот, а во фудбалот тоа е оставено на коментаторот (ако го примети, што во македоснки услови никогаш не е случај).

3. Fuckin' видео снимка за спорни ситуации
Аман веќе со старомодно тупење, ова мислам дека е повеќе од јасно дека ќе се воведе, но зошто не го направат тоа ден-порано.

4. Маркетинг стратегија на повисоко ниво
Во фудбалот тоа се сведува само на клубско или на спонзорско ниво, а не на ниво на лига/настан.
Акциите како NBA Cares, Amazing is.., разно-разните промо видеа се очекуваат со нетрпение и се додатен силен удар зошто We love this game.

26 April 2010

Паушални вести

Португалецот Роналдо за неполна сезона само во Мадрид продал 1,2 милион дреса со деветката на грбот. Значи донел заработувачка од 100 милиони евра и го исплатил својот 94 милиони евра вреден трансфер во Реал од Манчестер јунајтед.

Ова го пренесува дневникот Нова Македонија. Не го знам изворот, ама овие реченици се математички сомнителни. Па да пробам да ви објаснам:

Доколку продале 1,2 милиони дресови и оствариле заработувачка од 100 милиони евра тоа значи дека профиотот по продаден дрес изнесува 83,33€. На официјалната страна на Реал Мадрид редовната цена на дресот на Роналдо изнесува £61.94 или 71.79€. Да не зборуваме дека во празничните периоди ваквите продавници објавуваат промоции и попусти кога овие дресови чинат околу 30-40€.
Но доколку сите 1,2 милиони дресови се продадени по редовната цена од 72€ и под претпоставка дека половина од цената е профит (што во пазарната економија скоро никогаш не е случај) т.е. 36€, тогаш вкупниот профит изнесува 43,200,000€ што е многу помалку од двојно помалку :)
Или обратно, доколку профитот од еден дрес изнесува 36€ тогаш би требало да бидат продадени скоро 2,7 милиони дресови.

Дури и тогаш не би можело да се смета дека трансферот е исплатен, затоа што знаеме дека месечната плата на Роналдо е една од најголемите, па на кој начин би се обезбедувала истата?

Некогаш освен Google Translate потребен е и калкулатор.

credits to Iceto5 :)

04 January 2010

Ај, де објасни...

Татко ми е новопечен зависник од интернет. Пензионерските денови му овозможуваат многу повеќе слободно време за „киснење“ пред компјутер. А тоа и дава резултати: на пример, има 120 бода повеќе од мене на Fantasy Premier League :)
Деновиве имавме „расправа“ на тема блогери, блогерство, и губење време. Целта му беше да сфати што е толкавиот buzz по таа сфера и зошто и „јас сум таму“.
Не ме бива многу за објаснување, ама ги произнесов моите аргументи и добив интересен feedback:

Во Струмица имаше една фудбалска екипа Бирлик (се сеќавам и јас на тој тим, м.з.), кој играше во некоја супер регионална лига, 3-4 по ранг во државата. Играа на помошниот терен и собираа доволно публика да го опкружи теренот во 2-3 реда, стоејќи се разбира. Таму се играше „као“ по правите фудбалски правила. Ама се беше опуштено и забавно. И публика, и судии и играчи... Дури имаше и градски фаци и ѕвезди од фудбалерите на Бирлик. Арно ама, никој не очекуваше дека еден ден Бирлик ќе игра во прва лига и дека ќе одат да го гледаат на Градскиот стадион. Дури и да се случеше тоа, немаше ќејфот да биде ист, и пак ќе се бараше екипата што ќе игра забавен фудбал на помошниот терен, а не „уфирцан и испеглан“ фудбал.
Дали е иста аналогијата и со блогерите? Кој е патот на блогерите, и каде води?

Не дадов некој прецизен одговор.