07 April 2007

Како се губеше титулата...


Денеска имавме идеален школски пример како се шо сте правеле цела година го суредувате за 90мин. Во нај осетливиот дел од шампионатот со противник кого последните 5 натпревари во најмала рака лесно излегуваше на крај, Ферги денеска се дрзна да прави експерименти.
Грешка 1. Ставање во игра на Киеран Ричардсон. Типчето е таков Лост Ин Спејс, шо дури да се чудиш како станал фудбалер.
Не се сеќавам некогаш он да има нешто пристојно изиграно. Буквално мува без глава... И добива шанса во првиот состав како десно крило?!?!
Грешка 2. 4-4-2 формација со Роналдо и Руни напред?!?! Можеби сречкото Роналдо има дадено најмногу голови годинава, ама 80% му се со влезови од десно или слободни удари, а останатите се од пенали. Никогаш он не дал гол како „страјкер“. И сега наместо да ја ремети одбраната и средниот ред на Помпите, Ферги го става во напад, а споменатиот Ричардсон и тркачот Флечер ги остава да ја „креираат“ играта. Мало морген.
Грешка 3. Оставање на клупа на играчите кои многу поквалитетно ќе ја реализираа проверената 4-4-2 тактика, како Сојскјер, Смит и Гигс.
Грешка 4. Како да не виде со Рома дека О’ши не може да се снајде како десен бек и цело време забегува према средина, а сите видовме како неколку натпревари, по повредата на Невил, Браун сосема коректно ја држеше таа десна страна. И наместо да си остане Браун десно, а О’ши во средина (најприродна за него), Ферги буквално душата му ја извади со неговиот најнов генијален експеримент. Со ова жалчето О’ши комплетираше во својата биогрфија игра на секоја позиција, од голман, преку лев, десен и централен дефанзивец, истите позиции и во средниот ред, а и голови да дава...
Сето ова ме потсетува на Арсен Венгер од пред месец дена, кога неговата инаетливост му овозможи на Арсенал да изгуби се што колку толку можеше да освои.
Сега Манчестер е психолошки распаднат и само не знам какво чудо може да им донесе некој си резултат со Рома во вторник...
А Премиер лигашкиот пехар како да им прави ПА-ПА...

No comments: