Задоволство во работата
Дали сте во потрага по интересна работа?
Здосадена ви е сегашната работа?
Се чувствувате ли слаби?
Изморени сте, а не знаете зошто?
Мислите дека си го губите времето на работа?
МАПП е најсовремениот тест на способностите и интересите, дизајниран од Assessment.com, со помош на кој може да го најдете одговорот на овие прашања.
Решението е постапка која ги вклучува следниве 3 (три) чекори:
1. откријте што најмногу ви одговара да работите
2. работете го тоа
3. минимизирајте се друго
Целта е да се подреди работата со личните мотивации и природниот талент. Замислете ја следнава ситуација: работите на тоа во што сте најдобри, во возбудлива околина и со комотни и пријатни односи со сите околу вас. Веднаш вашата продуктивност би се зголемила, а и самите би биле по задоволни.
1. откријте што најмногу ви одговара да работите
Целта на МАПП тестот е да го открие токму тоа. Ги лоцира вашите мотивации и ги поврзува со вашите таленти. Ова е особено значајно, затоа што тешко оди поклопувањето на личната мотивација со талентот, а со тоа и откривањето на идеалната работа.
2. работете го тоа
Според Assessment.com нај значајно е поврзувањето на работата со резултатите од МАПП тестот. Тоа може да се постигне со процес на промена во однесувањето во насока на работење на тоа што најмногу ни одговара. Некој од промените ќе бидат тривијални, но некој ќе бидат радикални. Идејата е секој да се посвети кон поцелосно користење на своите сили и предности, што доведува до точка каде личното задоволство и резултатите се максимизирани.
Откако ќе го комплетирате МАПП тестот, дајте одговор на следниве прашања:
- Што сфативте за тоа што работите, а што не?
- Кои од вашите одговорности се поклопуваат со вашите таленти?
- Кои од вашите одговорности бараат искористување на сфери за кои не сте талентирани?
- Сегменти за кои сте високо мотивирани, а многу ретко се користат?
- Колку вашата работа ги исполнува очекувањата кои ги имате во поглед на односите со колегите?
- Дали постои позиција во вашето претпријатие која повеќе би ви одговарала?
- Ако се чувствувате изморени, кои се сегментите кои доведуваат до тоа?
- Што може да направите доколку чувствувате дека сегашното претпријатие или професија целосно не ви одговараат?
Ако расчистивте со сето ова, време е да ги поделите информациите за вашите таленти и мотивации со вашите претпоставени. Презентирајте им примери и илустрации од вашите резултати.
Ова е еден од најзначајните чекори кои може да ги превземете во насока на унапредување на вашата кариера. Затоа што доколку разговарате со вашите претпоставени за вашите МАПП резултати, значително ги зголемувате шансите за:
- тие да имаат јасна претстава за вашите можности
- да добивате задолженија кои ќе ги искористат вашите предности
- заедно ќе ги надминете потенцијалните проблеми кои бараат користење на вашите послаби страни
- откриете области каде дополнителна обука или тренинг ќе дадат најголеми резултати
- да искористите позиции и можности кои најмногу ќе ви одговараат
3. минимизирајте се друго
Вие сте створени да работите нешто, но не се. Вилушката е дизајнирана за да ни помогне додека јадеме, и од неа не се очекува да ни помогне при ковење на шајка. Истото се однесува и за вас. Затоа треба малку да се ослободите и да не трошите нерви и време на работи за кои немате талент и мотивација.
Но што ако мора да работите баш на такви работи? Рагледајте ги следните можности. Најпрво, сфатете дека во таа област никогаш нема да освоите Нобелова награда. Имај јасни очекувања за твоите перформанси. Второ, видете дали можете да креирате некаков систем кој би можел да ви помогне, како на пример доколку сте личност со ниски можности за Управување со Времето (Time Management) тогаш PDA може многу да ви помогне. И трето, креирајте партнерство со некој кој има талент за таа област.
Но, ова не значи дека било каква активност која не влегува во вашите преференции, утврдени со МАПП, треба жестоко да ја одбегнете. Сите имаме периоди кога некој активности или задачи не ни се омилени, но затоа пак имаме редица задолженија чие завршување може да не исполни.
Треба сите да имаме реални очекувања од нас самите. Идејата дека секој може да биде заокружена личност, препороден, е мит. Постојат само неколку исклучоци во светот од екстермно надарени лица. Мудриот човек знае дека самиот има граница.
No comments:
Post a Comment