Алиби
често во последно време се соочувам со една појава, да не кажам феномен. наиме. македонскиот народ е одамна навлечен на спортско обложување (кладионици), но последнава година сите хазардери и зависници од кец у кец се сконцентрирани на откривање на големата светска завера: СЕ Е НАМЕСТЕНО!!!
луѓето толку се посветени на пронаоѓање аналогии и докази како се ние шо гледаме на спортските терени е наместено.
ова го приметив поодамна, ама денеска сретнав жесток следбеник на оваа дисциплина.
седиме на кафе у еден локал, и го прашувам типчето дали разбрал колку заврши челзи. и ми вика: ее, таа се знаеше дека ќе е Х. 0-0 остана. кај ќе тепа челзи денеска, кога вчера манчестер не тепаше!?!? абе се е наместено...
оф бре боже. вие што го читате ова, ако малку следите фудбал ќе ви е појасна ситуацијата, за другите не е ова место да ви кажувам каква е ситуацијата на табелата и да ви потврдувам дека муабетот е крајно не издржан. веруј те ми. ноторна глупост.
си викам, до кај ќе одат алибите на луѓето за изгубените пари на обложување.
чим Б.Вин биле спонози на Милан, 888.ком на пар други екипи, ЛивеБетинг на не знам кој, јасно било дека се е наместено...
гледав НБА вечерва, и за време на тајм аутот одеше џингл од минатогодишните ол-стар забивања на Нејт Робинсон, кога типчето со своите 171см забива со пируета, или кога прерипува негов колега на патот до обрачот. си викам, шо се ѕвериш, и ова е наместено.
2 comments:
Всем привет, Совершенно верно! Мне нравится Ваша идея. Предлагаю вынести на общее обсуждение.
привет, Рекомендую Вам посетить сайт, на котором есть много статей по этому вопросу.
Post a Comment