На денешен ден!!! 2001-та
Денеска е 27 јуни 2007. Истиот датум но во 2001-та во македноските весници излегоа следниве соржини: Дневник, Вест. Ако имате време разгледајте ги главните наслови во периодот од сабота до четврток. Тогаш се случи најголемата трагедија на Македонската држава. Да видите/присетите што се случи со најрешителната, најпрофесионалната, најшколски спроведената акција, според сите начела на војувањето.
Во кратки црти: Во петок пред зори започна акцијата за Ослободување на Арачиново, од скопската и од кумановската страна плус и од воздух за ден и пол буквално се ослободи Арачиново. Терористите извадија бели знамиња. И тогаш на сцена стапи Ороспијата од Вавилон, и преостанатите терористи ги превзема со климатизирани автобуси. Наместо нашите сили со нив да ја завршат работата така како што доликува тоа да го направи победникот.
И што се случи, за неколку часа, во понеделникот вечерта (26.06.2001) се собраа стотици илјади народ (предводени од полицајците и армиските сили кои фактички за џабе се бореле) пред собранието, додуша после беа и ВО собранието на рм.
Видете, прочитајте, сигурно нешто и сте заборавиле од ова. Што е страшно!!!
1 comment:
А и луѓето уште не можат да си одат дома. Криминалци и политичари правеа пари, а луѓе гинеа за таа нивна кауза.
Post a Comment