07 June 2007

Пандев Уно Помочко

„Сум размислувал и еве, сега пак размислувам околу мојата иднина во репрезентацијата. Не можам повеќе...„
Ова го изјавува Горан Пандев за Македонски Спорт. Читам и не ми се верува.
А ги гледав сите натпревари за на нашата репрезентација до сега, и стварно не се сеќавам на такви партии на Пандев, какви што ги претставуваат медиумите. Имам изгледано илјадници утакмици и колку толку разликувам што е добро, а што не е.
Освен по неколку моменти на сите претходни натпревари, Пандев воопшто не беше носител и лидер на репрезентацијата. Ова го правев муабет со многу луѓе. Пандев нема лидерска харизма и многу е погрешна целата фама која се дига околу него и неговото значење за репрезентацијата. Точно, можеби е најпознатиот и најквалитетниот Македонски фудбалер, ама не е човек по кого може да тргне цела репрезентација.

И сега, тој го дава најидеалниот доказ за ова што го пишувам: Јас веќе нема да играм, шо е ова, какви сме слаби, цело време ме повредуваат, не ми даваат да играм кај сакам, сите не победуваат, ееее више...

Чекај бре, алооо! Не играј, ич ако сакаш, ама не се прави лицето Д.П. Си го слушнал ли Рајан Гигс да се жали шо е роден у Велс и шо уште 20 години да игра нема никаде да се пласира, па пак е недостижен лидер на репрезентацијата. И муабет ли е тоа: Не ми даваат да играм напред и затоа не давам голови!?!? Ако не си знаел, капитен на Мексико (и лидер) им е Рафаел Маркез. Е тој игра одбрана. И на светското лани даваше голови на клучните утакмици за нивниот пласман. Е тоа е лидер.

А не твојов муабет. Демек, ја играм 3 метра поназад и не може гол да дадам... Башка шо кога и да те чепнат се тркалаш по земја.

Срамота.

5 comments:

GoodBytes said...

Па никој со сила не го тера да игра за репрезентација.

Ико said...

Гледај некој натпревар на Македонија со Пандев, а после тоа и без Пандев во тимот.

После напиши.

dasaf said...

не е тоа муабетот. нема потреба да гледам без него. работата е со него. финтата е дека нема лидерска харизма, а особено изјавата дека веќе немало да игра... шо би рекол арчи: Капак на се

Anonymous said...

Еј друже ми се темни од вакви блогери како тебе! Блогер не значи само да мрсиш муда на некоја тема, аргументирај мајсторе!

Пандев не давал голови? Дали знаеш кој е најпрецизен стрелец за Македонска репрезентација? Горан Пандев со 23 гола. Дали знаеш колку натпревари има изиграно? 56! Тоа се блогеру 41% ефикасност (натпверар/гол)!

Дали Пандев бил носител на играта или не ќе сфатиш сега кога нема да игра. Ќе разбереш кој бил носител? Што значи за тебе носител? Да земе да ја носи топката до гол? Или да дава голови и да прави асистенции и да ги мотивира играчите!

Сето тоа го правеше Пандев, на наврати беше и едниствениот стрелец (пример Шпанија).

Сеа се откажал, па ќе ја заборавиме цела негова историја и ќе го ругаме, и ќе викаме „јас кога велев дека Пандев е тапа, вие не...“. Како прво 90% од вас не викаа така, како второ не бил ни тапа! Пандев е најдоброто нешто што го имала Македонија! Секако го осудувам што си оди од репрезентација ама ти со постов ја забега темава и отиде на тоа дека не бил лидер, што за мене е излишно за коментирање.

Аргументирај блогеру пред да пишуваш, зошто веќе нема да помислам да дојдам на овој блог!

dasaf said...

Анонимно другарче фала ти за коментарот. И ако толку сакаш, ќе ти аргументирам. Ова го имам спомнувано на други места ама еве специјално за тебе, анонимно мое пријателче.

Точно е дека Пандев има дадено 23 гола. Точно е дека ги има дадено на 56 утакмици, но точно е и дека:
15 (петнаесет) голови се дадени на ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ (малта, албанија, босна, естонија, луксембург, молдавија, катар, канада, црна гора и ШПАНИЈА!).
Тие 8 што ги има дадено во официјални натпреварувачки утакмици се 3 со ерменија, 2 со андора, 1 со чешка (сме изгубиле 6-1) и 2 со ХОЛАНДИЈА. Едниот со холаднија е од пенал, кога изгубивме 2-1, и другиот е кога дома изигравме 2-2.
Значи, единствена светла точка статистички е ремито со холандија дома. И еве, пријателската со Шпанија, оти само „малку“ изгубивме од (тогаш само) Европските прваци.

Една ипол утакмица од 56 е 2,68%, ако љубиш така.

Нешто друго нејасно, има?