21 June 2007

Пушти Српско!!!

веќе неколку години наназад Македонските музички изведувачи (и меинстрим и андерграунд) многу полесно се нафаќаат да пеат на странски јазик, отколку на нашиот Македонски.
причините се полесен пробив на странските пазари. што и да тоа значи!!!
тоа е едно. ама друго ми е муабетот. извесни артисти пред се од комерцијален-поп сцената, своите албуми ги издаваат во 2-3 варијанти. една за Македонскиот и минимум една за екс-Ју пазарите. еве да речеме дека имаат можност за поголема заработка на тие пазари, па затоа и ги препеваат песните. еве да речеме дека тоа е во ред. но што се случува во со Македонските верзии!?
никој не ги слуша!!! каде и да седнам и да пуштат некоја од песните што имаат 2 верзии, редовно тоа е Српската!
и шо да правиме повеќе муабет...

1 comment:

Anonymous said...

Стварно, дај пушти српско! ;)