27 September 2007

македонско тумачење

како народ сме значи. ептен сме за никаде.
деновиве стартуваше 3тиот мобилен оператор, и повторно се повторува истата приказна како и кога стартуваше вториот. шпекулации до немај каде, и ужасно толкување на секој потег на компаниите.
но она што ми е нај страшно е како може 5 години претплатниците да не направат разлика во цена СО и БЕЗ ддв. тоа ме вади од такт, затоа што го имам слушнато и од луѓе со академско образование. мобимак за кредит 500 наплатувале 595, а космофон за 100 наплатувал 100. изгледа сам си го плаќал ддв-то. ТЕ МОЛАМ!?!?
точно дека развојот на сите производи и услуги големите оператори под притисок на конкуренцијата мораат да го усложнат, и дека има нејаснотии во тарифирање, времетраење достапност итн итн... но едноставно мора да се издиференцираат сите детали на секоја понуда, за да се создаде предност пред конкурентот.
но после сите бедни работи кои ќе ги слушнам од нашиот народ и неговото ЕКСТРА креативно „тумачење“ на сите понуди, едноставно ми доаѓа да...

1 comment:

Anonymous said...

ti doagja da?