08 November 2007

малограѓански андерграунд...

деновиве беа исклучително активни во поглед на Гранде настани кои ги окупираа сите медиумски простори, за чие редовно следење беше потребно што побрзо совладување на т.н.F5 метода. тука беа Милчо, Извештајот, Пустинската бура, Анастасија... и чат-пат споредни Хач, Македонска Банка, Името...

и измеѓу сите нив и театарска премиера. и тоа во Битола.
„Премиерата на претставата „Ова не е американски филм“ на сцената на битолскиот народен театар ќе биде поставена во петок.“
и како типците да се пробијат низ оваа густа агенда на настани, освен да не изрежираат скандал. тоа и го направиле. одржале прес-конференција која всушност била сцена од самата претстава која многу ги повредила нашите новинари:
„Со авангардно изведена прес конференција во форма на театарска претстава битолските новинари денеска во народниот театар во Битола беа наречени манекенки кои дремат.“

овие вториве се накурчиле, а па првиве уште еднаш возвратиле:
Новинарите со слабо срце не треба да бидат новинари и да се занимаваат со таа стресна професија. Ние предупредивме дека ова е комад со певање и пуцање.“

е ова последново мене ме накурчи. типот кој го изјавува ова е директорот на театарот - Цветан Стојановски (никад чуо) и кој не успеал да смисли ништо повеќе од познатата реплика на Милчо Манчевски, која одеше со најавите за новиот филм.
за оние кои не ја заприметиле ќе ја парафразирам: некојси новинар/ка го прашува Милчо за жанрот на новиот филм (во најава) Сенки (тогаш уште Коски), и овој крајно елегантно одговара, Пред дождот беше мјузикл, Прашина беше вестерн, а Коски ќе биде ВестернМјузикл, со пеење и пукање...

ете толку успеа да смисли нашиот директор, кој бај д веј сигурно смета дека Сенки е ужасно грозен филм, без никаков концепт, очајна идеја, хистерична глума и ретардирана музика...

ако, ако...

1 comment:

The Goddess said...

тој е бре ретардиран! колку и да исполитизиран театарот, мислам дека тој не е единственото решение за на таа позиција. тој што го ставил таму, колку и да го “интересира“ иметноста, факт е дека го ункази градот!!!