05 February 2008

Изгубени во транзицијата

Чуден менталитет е македонскиот народ!

Денес имав една обврска и за да си ја исполнам обврската требаше да стигнам на улица Димитрија Чуповски бр.ХХ. Пошто не знаев каде точно се наоѓа, го отворив скопје.он.нет.мк и според сликата ми стана јасно каде да ја барам. Тоа би му дошло некаде на Рекорд, а каде точно – си реков ќе видам на лице место. Стигнав некаде кај Вегера и на една зграда видов табла со некоја друга улица па се прошетав наоколу за да ја најдам вистинската улицата.

Не успеав да видам табла со улицата што ја барам, па си викам дај ќе ги прашам таксистиве карши МекДоналдс. Прашав еден таксист што стоеше до неговата кола (од компанија Yellow), се мислеше, се мислеше, па влезе во колата и извади една листа со сите улици, побара низ неа и на крај ми вика дека улицата шо ја барам јас ја нема во листата и после тоа очигледно задоволен оти не ми ја кажал улицата почна да го турка возилото за да и се придружи на колоната таксисти. Пошто знаев дека улицата што ја барам е тука некаде знаев и дека ме лаже.

Си викам у паметот нека се носи у пм и онака нема попаметна работа во животот, па ќе гледа да ме зафркне мене. Да влезев у колата ќе ме однесеше точно кај што сакам јас,без разлика дали улицата се наоѓа во Хром, Радишани или Бутел, ама сега кога треба мене да ми заврши услуга бесплатно ќе ми изиграва фраер.

Се наежив кога сфатив со колкав идиот сум си нашол работа. Здраво и ај здраво! Пошто имаше многу таксисти, а мене работава ми беше многу итна, си викам дај ќе прашам уште некој. Пак истото сценарио, само овој пат глумецот беше бетер. Ме гледа се туфка, се врти наоколу и на крај ми вика “Не ми текнува, стварно не можам да се сетам каде беше таа улица”, и нормално по оваа реченица следеше благо потсмифкање.

Видов не видов, си продолжив сам, се сретнав случајно со еден пријател, ми покажа каде треба да одам и си завршив работа.

Трагично во сето ова е што и двајцата таксисти не беа некој млади заебанти шо сакаа да си поиграат со мене (тоа некако и би го сфатил), туку беа возрасни ама недораснати магариња, веројатно и фамилијарни луѓе.

Добродушноста за која велат постарите дека „на големо“ цутеше од македонците, изгледа се загуби во транзицијата. Само што јас лично не ја запознав.

2 comments:

GoodBytes said...

И во возењето се вакви за никаде - без почит и толеранција кон другите возачи и пешаци. Изгледа „ги уби“ тоа што требаше да стават фискален таксиметар.

Anonymous said...

http://skmap.neotel.net.mk/?u=Димитрија%20Чуповски