13 February 2008

Дигитални сообраќајци

Нели деновиве се прави муабет за дигиалните апарати на сообраќајната полиција, и за новите казни кои следуваат по прекршување на сообраќајните правила. Сосем океј е идејата. Сообраќајот ни е дефинитивно хаос. Ѕверски хаос би рекол. За што сите допринесуваме. А ретко кој одговара за своите грешки.
Мене своевремено ме застанаа поради преминување на улица надвор од пешачки премин. Казната, дежурниот сообраќаец, ми овозможи да ја компензирам со општо корисна активност - конкретно посетив еден час по сообраќај. Во полициска станица Пролет. После тоа многу ретко преминував на непешачки, и жестоко се противев кога возачите не ме препуштаа на пешачки.
Минатата недела така жестоко ќе сум настрадал на пешачки што, освен мене, сите присутни на улицата останаа со подотворени усти - откако ги проследија моите Матрикс движења со кои го избегнав Голфот кој на Партизанска пред пешачкиот со полна гас се престрои од една во друга лента. Шоферот што возеше пред него подзастана да ме пропушти, и тргнав кон втората лента и тогаш овој излезе на средна лента со многу км/ч и јас го изведов мојот скок со пируета за да се спасам.
После овој случај и додека е актуелно ова со апаративе, имам предлог. Не мора сообраќајна полиција да слика. Можеме и ние, со тоа што од пропишаната казна од 300 евра за непропуштање пешак - 50 да се за нас (т.е. репортерите-сообраќајци). Сите имаме камери на мобилните, многу имаме и дигиталци, мислам дека лесно ќе се наполни буџетот, а и стандардот на граѓаните ќе рипне.
Ова важи и за возачите - нека не сликаат нас пешаците кога претрчуваме на сред пат...

1 comment:

GoodBytes said...

Пред некој час баш размислував за да направам некој ваков сајт на кој би се постирале овие фотографии. :-)