25 February 2008

Kнишко моја прејди на друг

Малите деца често знаат да направат недозволени работи. Што поради забава, што поради предизвик, што поради незнаење. После секоја таква постапка следи воспитна мерка од родителите.
Следното повторување на таа постапка носи и поригорозни казни. Но затоа и проработува „болјерот“ кај детето па смислува генијална приказна која ја оправдува неговата постапка. Ама таа приказна е толку детска и наивна што родителите едноставно ги шармира, и целосно ја почитуваат. А детето пак, мисли дека му веруваат.
Е, таква детска играчка ми се чини дека е омилена на секој Македонец. Особено на оние жалните кои заглавиле во политички води.
Веста дека 1000 нсдп-овци ќе станат вмро-вци безусловно го потврдува тоа. Ептен ќе беше забранета детската игра сдсм-овци да преминат во вмро (минатата година), па затоа си направија приказна т.н. нсдп, за да преку таа си овозможат сосем неприметен трансфер.
Просто да се чудиш... Па уште и си веруваат во некои партиски идеали. Грозно.

No comments: