Една година блогспот блогер
точно една година сум здомен овде. конечно станав блогер. имав обиди уште многу одамна. во два наврати во 2005 и 2006 пробав, ама некако не ми успеа. после тоа се приклучив на блогерај, ама ту мени конекшнс и слично пак ме премислија...
овде ептен ми се погоди.
не сум некој хиперпостер, 68 поста (или на секои 5,3 дена), ама скоро секогаш кога сакам нешто да кажам знам каде да го направам тоа.
во офлајн светот претходните 12 месеци: три пати излегував од границите на Р.Македонија, сменив град на живеење, сменив работа, сменив стан во новиот град...
во онлајн светот исто така ми беше убаво: кајмакот, GoodBytes, Комуникации, МКБлог Конференција, МАКНба, Iacovibus, Канализација, Моето маало, Развигор, Ицко, ВББ, Вуна, и уште многу други...
тераме натаму...
3 comments:
Ај за многу години... и од внуци - блогери да се исчекаме :)
Првиот е најубавиот роденден, после веќе нема да ти е толку фешта. Уживај овие денови :)
ај нека е за арно за убаво :)
За многу години
Post a Comment