Шампиони + Бедни правила
Вчера во „Јасмин“ кавадарци делумно се случуваше НБА. Во оној дел од НБА кога еден тим се враќа од -20 на 10 минути до крај, и победува скоро убедливо.
Се играше 6-тата (фактички 5-та) средба помеѓу Фени и Струмица во финалната серија на МакКошарка Првенстовото. Фени имаше предност од 3-2 и со победа ќе беше прогласен за шампион. Скоро и да беше така, на крај на трета четвртина имаше +19 и нокаутиран противник. Изгледа прерано почнаа да слават. Па им се случи „Струмица“. Од две страни, како минатогодишен шампион кој не може да се отпише прерано, но и Струмица која на идентичен (ако не и поболен) начин го загуби купот годинава.
Синоќа градот Струмица славел. Ги пречекал кошаркарите околу полноќ и се е спремно за одбрана на трофејот за 3 дена.
Туку мене нешто друго ме мачи.
Кој е тој талент кој ги пишувал правилата за одигрување на македонското кошаркарско првенство. Никако не можам да го сфатам системот. Која беда од организација.
За тие што не знаат ќе објаснам: Во регуларниот дел се играат по два круга дома-гости секој-со-секого. Што е океј. Ама од тука натаму настанува „крпен-живот“. Почнува плеј-офот. „Полуфинале“ играат 3тиот со 6тиот и 4риот со 5тиот. Додека лидерите паузираат?! Победникот од 3/6 игра со првиот, а 4/5 со вториот. Победниците одат во финале.
Вакво искршено полуфинале немам сретнато на друго место.
Другото, што е уште по контраверзно е што огромна улога игра меѓусебниот дуел на противниците од регуларниот дел на сезоната. Секој тим што има позитивен исход со противникот (било 3-1 било 4-0) ќе стартува со +1 во плејофот. Значи доколку си прв, имаш само 5 порази од 28 натпревари, а 3 од тие пет ти се со екипата која завршила на 4-то место, ти пак ќе имаш негатива во плејофот.
Некој ќе го оправда и тоа... Ама според мене најспектакуларното е сосема обраниот распоред на натпреварите во случај кога едниот од тимовите води со 1-0.
Фени ја победи Струмица во регуларен дел 3-1. И стартуваше со 1-0 во финалето. А повторно го стартуваше финалето на домашен терен!?
Што зборувам: Правило е секаде во светот лидерот да има предност на домашен терен, односно евентуалната „мајсторка“ да ја игра дома. Тоа значи натпреварите 1,3,5 и 7 да ги игра дома, а 2,4 и 6 на гости. Арно ама кај нас Фени водеше 1-0 и стартуваше дома. Практично победата им беше како да ја освоиле на гостински терен. И од еднаш од лидер, се доведува до ситуација мајсторката да ја игра во Струмица.
Едноставно нели, болни и контроверзни правила!!!
Си велам, нека земат нека ги препишат правилата од лиги кои функционираат - и готова работа, нема потреба од експерименти, затоа што пред нас некој веќе ги направил.
Арно ама и во тоа не не бивало. Еден пријател ми го прераскажа случајот со некој Законот за телекомуникации/електроники. Тој закон бил препишан од некоја поразвиена земја, ама препишан топтан, заедно со политиката за вселенски летала.
Свашта.
No comments:
Post a Comment