16 June 2008

Roisin Rules

Кратко видување кон концертот на Рошин Марфи.

Концертот се одржа во саботата, во Хард Рок. Прилично контра простор од сите кои сум ги посетил. Во секој поглед. Дијаметрално спротивно чувство, од сите претходни, на кои и навикнав. А навикнав на Саем-Таксиратско окружување. Пиво во картонски чаши, слабо осветлување и добра забава.

Овде ја имаше само добрата забава. Наместо широки пантолони и памучни т-мајци, се носеа кошули и деколтиња. Се пиеше џин-тоник и коњак. И фенси беше. Абе шема :)

Организациски се беше одлично. Од кампања, од печатени материјали, од изгледот на картите, па дури и тајмингот. Кој за Авалон обично е црна дупка. Само 40тина минути подоцна од најавеното. Но рака на срце целата публика пристигна 15-20 минути покасно... Скопски синдром.

Бендот уште во старт беше решен да се забавува, и тоа е одлична работа за било кој концерт. Не беа дојдени индустриски да отсвират и роботски да си заминат. Рошин е будала. Во најпозитивна смисла. Иако јас ја сметам за супер-ѕвезда, воопшто не даваше такви сигнали. За менувањето на гардеробата, капите и очилата сите ќе зборуваат уште некое време. Но вистинското нешто кое Рошин го презентираше е кристалниот глас. Толку лесно пееше на толку искршени ритми и со толку многу играње. Секоја чест. Ни еден момент не и побегна.

Повторно како и кога беше овде со Молоко, концертот го почна со суптилно најавување на првата песна уште од позади сцената. Неколку минути потпевнуваше, додека на сцената се претставуваа другите членови од бендот. Се појави како учителка од петто до осмо. За подоцна да го презнетира остатокот од шкафот понесен на оваа турнеја.

Како најмоќни изведби мора да ги издвојам: Ruby Blue, Primitive и Forever More. А врв, и изненадување за мене беше феноменалната Truth. Песна од пред неколку години, кога уште како членка на Молоко соработувала со Handsome Boy Modeling School, во која хип-хоп делот овојпат го изведе самата Рошин. Крајно феноменално.

Сите луѓе во бендот беа исто така на ниво. Особено, да ја „истрпат“ Рошин додека ги бакнува, гушка, тепа... додека свират.

Концертот траеше околу 100 минути. Рошин и обрати внимание на промоција на новиот албум. Со само неколку песни од Руби Блу, и само една од Молоко. Нешто што е пракса за странските изведувачи, а пак нешто што нашите никако да го совладаат. Освен Фолтин, јас не знам некој изведувач што лесно ќе се прости од своите претходни изданија, и концертно ќе ги промовира новите. Напротив, од новите идат 2-3 песни, и после - врати се на стара слава.

Имав одлично мислење за Рошин и до сега. Сега веќе сум уверен дека не грешам.

2 comments:

Anonymous said...

Значи да си пукнам од мака шо не бев. Инаку, кога беше со Молоко, никако не можев да се изначуудам како издржа со капутот цела вечер, а во халата беше невиден пекол. Сега како се држеше со гардеробот?

dasaf said...

генерално беше гола :)
иако имаше и капути, и перја, и „вселенски чуда“.
инаку не мора да пукнеш, ама мака треба да ти биде :)