02 October 2009

Ракометна година

Утре официјално почнува најжестоката година во македонскиот клубски ракомет, верувам од осамостојувањето до денес.

Официјално, затоа што Вардар го игра првиот натпревар во новиот формат на Лигата на Шампионите, а набрзо ќе следува и првото македонско дерби сезонава, се разбира со Металург.

Она што летово се случуваше со овие два тима вистински наликуваше на битка на фудбалските премиерлигаши или галактикоси. Почнувајќи од доведувањето на Лино Червар во Металург, според мене Фил Џексон во ракометот, преку бројните скапи трансфери, убедливиот пласман на Вардар во ЛШ...

Она што мене ме чуди во целава ситуација е што сеуште јавноста не е свесна за огромните вложувања кои ги прават овие два тима, а мислам дека и медиумски не се доволно експонирани.

Чудно ми падна и што Вардар побарале дел од натпреварите во ЛШ да ги играат во СРЦ Кале, а не во Борис Трајковски. За мене е стварно е дегутантно да помислам дека во град со 600.000++ жители не може да се најдат 5.000 луѓе кои сакаат да гледаат елитен ракомет од европската Лига на Шампиони?! Па побогу, градот Манчестер има помалку жители од Скопје, а неделно 120.000 луѓе ги гледаат натпреварите на City и United.

„Ја користам оваа прилика“ да упатам уште еден остар протест против Владата на РМ и системот на нејзиното работење. Откако „индиректно“ ги уништија Кометал Ѓорче Петров и сите Фершпед екипи, сега изиграваат добродатели на македонскиот спорт па пуштаат терени во Ѓорче, Влае, wherever... каде што ќе се создавале нови македонски спортски ѕвезди?
Истовремено протестирам и против медиумите кои ги „бакнуваат“ владините соопштенија па за сечењето на лентата на некоја полјана извествуаат двојно или тројно повеќе отколку за овие два македонски-европски ракометни гиганти.

Искрено очекувам Вардар да ја пројде првата фаза, иако групата е пеколна, а за Металург сум сигурен дека ќе стигне минимум до полуфиналето на Купот на ЕХФ. Тогаш сигурно и премиерот ќе сака да се слика со нив, ќе бидат познати.

Епа друштво, се гледаме утре во Борис Трајковски.

No comments: