22 March 2007

Музика ’06

благодарение на Rapidshare минатата година папката МП3 на мојот компјутер окупираше 80% од капацитетот на хард дискот, па сега со секој симнат албум функционирам по принципот фифо.
толку прекрасни артисти и албуми се појавија последните 15тина месеци, што буквално да не знаеш што да слушаш, и тоа од секој можен декларативен правец на музиката. ај со ред:
рок
со оглед на тоа што неколку години зовриваше рок’н’рол сцената, со т.н. The Бендови (The Strokes, BRMC, The White Stripes...), за очекување беше вистинска меинстрим експлозија. за среќа истата беше толку комплетна и квалитетна што дури и најпоп радијата подлегнаа на предизвикот наложен од: The Killers, My Chemical Romance, Arctic Monkeys, Kaiser Cheifs, Franz Ferdinand, The Fray, Razorlight, Snow Patrol, The Kooks. Освен овие, релативно нови групи, и некои од постарите нинџи имаа одлични албуми, Muse, RHCP, Placebo (ги чекам у скопје. едвај. и другите ги чекам, ама за овие е најавено :) )... евидентна е доминацијата на британски бендови, кои со помош на легалното даунлоудирање и без гиганти зад нив си го обезбедија животот, за синови и внуци ќе треба по уште еден топ5 албум :)
според мене, рок музиката последните 15тина месеци се подели во две категории. првата беше исклучително суровиот гаражен звук, во продукцијата на албумите (арктик манкис и кајзер чифс на пр.) и комплексните аранжмани со вметнување на елементи карактеристични повеќе за останатите „жанрови“, електроника (мјуз), металски рифови (мај кемикал роменс), поп рефрени (килерс). секако дека некој од овие артисти сепак остнаа на класичната рокенрол постава (резорлајт и фреј) што според пласманот на топ-листите воопшто не било проблем.
поп
не сум некој комерцијалист, а ни па поп меинстримот ми е некој фаворит, но и оваа сцена годинава ме предизвика. ги симнав албумите на: Justin Timberlake, Nelly Furtado, Shakira, Gnarls Barkley (иако не е само поп, туку се и сешто), Mika (допрва мислам дека ќе е хит), Norah Jones, Belle and Sebastian, James Morrison, Amy Winehouse, Lily Allen, John Legend, Beyonce...чудно ми е и тоа што морав да прифатам дека Џастин и Фуртадо имаат одлични албуми, иако нивните претходни остварувања дури и на радио ги рипав. но затоа пак сум изненаден од појавата на деби албумот на Мика и вторите изданија на Ејми Вајнхаус и Џон Леџенд.
а како хитови на годината ги сместувам: Шакира-Шакира, Maneater, Save Room, Deja Vu...
електро
последната година забележав интересни остварувања и на оваа сцена. Koop, Copeland, Air, Thom Yorke, Layo and Bushwacka, Martin Solveig, Roger Sanchez, Royksopp и многу компилациски изданија: The Sex The City The Music, Erotic Lounge, Anual на Мinistry of Sound.
Но сепак главен белег според мене не оставија комплетните албуми туку сингл изданијата на артисти и продуценти кои буквално ги окупираа сите радио станици, а особено подиумите. Lucky You, Elektro, Cabo Parano, World Hold On, Put your hands up /for Detroit/, Proper Education, Yeah Yeah, My My My, Lost, Dance4Life...
останато
и за крај, само да спомнам дека заслужено место во моите плејлисти си обезбедија и Edo Maajka и Marchelo. до душа од едо повеќе ги пуштав песните од претходните албуми, а Stigo Cumur сеуште го разработувам, иако немам некое врвно мислење.
ама за тоа Марчело е откритие на годината. таква кристална мисла и брза рима, и толку широк спектар на музички подлоги (а не само тупца тупца скреч тупца тупца скреч) на еден хип хоп албум не сум сигурен дали има некој друг постигнато. башка и да има дваесет и една-две години. еднаш ја добив следнава порака: Шарада за нобелова награда за литература!

1 comment:

Anonymous said...

Добар избор. У секоја категорија посебно.