За Македонската Модерност
посетата на тренингот за истражување на пазарот во подгорица беше причина која ми овозможи напуштање на р.м. за пар денови, нешто што многу ретко ми се случува. а богами, ова беше мој прв пробив на северните граници. блаце-урошевац-приштина-печ(ќ)-рожен-подгорица. цел пат е означен со споменици. секој 4-5 километри низ косово има споменици на учк, а низ црна гора, венци и цвеќиња (веројатно на места на кои во сообраќајни несреќи имало жртви). но тие работи не се најзначајни, во моментов.
црна гора е земја со некои си 650.000 жители. значи горе доле плус минус колку скопје. а подгорица е г.д.п.м. колку битола, (добро можеби е малку поголема). но во секој случај споредено со нашите 2.100.000 жители, црна гора е мало дете. на прв поглед македонија е многу помодерна земја. весниците (дневните) во црна гора се налик на вечер од пред 5-6 години. телевизиите се монотони. работат со социјалистичкиот спикерски метод. радијата емитуваат шлагери од 80-тите и екс-ју нумери (од турбо фолк, турбо поп, со српски (?!?) народни песни). модерно урбано радио како антена или сити нема. за џез фм, клаб фм и такви субкултури да не правиме муабет. кога водителот или водителката има да соопшти нешто, помеѓу две песни, тоа го прави буквално помеѓу две песни. завршува песната до крај, и почнува говорот. кој е налик на таска балабанова или борис мајсторов. значи едноличен глас и сувопарно читање на „некои соопштенија“. билбордите се дифолт дизајнирани, најмодерни се оние на странските компании (манго на пример, со мила јовович или Т-мобиле). нивните се длабоко во просечното сивило.
но.
малку потоа јас сфатив дека тој пат воошто не е лош. затоа што еден круг низ градот ја покажува следнава слика: со булевари е врзан цел круг околу централното градско подрачје, и истите булевари водат до излезите на градот (околу 5-6 различни излезни правци има). на истите булевари (од 2 или 3 ленти, во зависност од потребите) нема паркирани коли. нема свирење на семафори само што ќе светне жолто. нема свирење по пешаци кога минуваат на пешачки.
нема ѓубре.
никаде нема ѓубре. а и чистачи богами не шетаат со метлите цело време. реката не е кафеава. прозрачна е до дното. и нема пластични шишиња. има прекрасни шеталишта кои не се натрупани со маси од локалните кафичи, туку има пар улици кои се наменети за кафичи.
но нај значајното за мене беа: Сосиете Женерал банка, Хипо Алпе банка, НЛБ банка. 2 мобилни оператори и трет кој ќе почне од мај-јуни.
значи ние шо правиме?!?! имаме фил и глазура, а немаме торта. како може да не дупат дека сме мал пазар, кога сме 3 пати поголем од црна гора. ама немаме основа. нема место за паркинг. има ѓубре. има дивјаци кои ќе те дигнат на хауба на пешачки. имаме бирократија и администрација шо нема да ти даде дозвола, или ќе ти даде касно, и од како ќе ја добиеш ќе имаш проблем со денационализирано земјиште или нешто слично... па ќе те фатат избори.
скопје е цела црна гора, а подгорица има спортска сала со 6.-7.000 места!?!?
No comments:
Post a Comment