20 April 2007

Театар, Не Благодарам!


лично со театарот расчистив пред две години. последна претстава што ја гледав беше Трите Сестри, на еден од двата доминантни театри. ланј-апот беше страшен. од глумци, од режија, од костими, од музика... комплет сите топ-тен имиња. а претставата - ОТОК. помодрев од досада и од нервоза.

и буквално две години (и нешто) ич не ме занимаше шо има, шо се дава, шо се прави, оти осеќав дека сцената го прифатила заразниот рефрен на Тома Здравкович, дотакла је дно живота.

пред некој ден, дојде картаџијата од локалниот театар на работа, и како традиционални спонзори на театарот не почасти со пар карти. претставата беше Гола Вера, а на картата имаше удрено печат: Деца не пуштаме... најдов друштво и си реков ај ќе одам, овие новиве сили може тргнале малку од дното. ауф. бљак. оток тотален. содржината се сведуваше на: еден наркоман и еден штракнат силуваат една женска, а третиот нивни другар го претепуваат. после си се закануваат секој на секој како ќе го убие, и после и третиот ја силува женската арно ама им се бендиса и се засакаа. и после наркоманот го упука на штракнатиот, ама ништо не му беше. наводно ќе му поминело.

и после 2 години уште е на мода да се урла. у секоја претстава, а има дел од текстот шо е така по деликатен за глумење, се ВИКА. ДЕРЕЊЕ од сите страни.

сега сум уште 2 години на принуден одмор од театар.

4 comments:

Anonymous said...

:)

Anonymous said...

Имам еден близок кој од поставените претстави на Чехов од нашите театри има аверзија кон Чехов.
.. А Чехов ни крив ни должен го крка ради нашата неспособност

dasaf said...

не е до нашата неспособност, туку до нашата самоуништивост. кај нас у театарот (а како и у се друго) режијата, кастингот и се друго се прават по „принципот“ нати-го-дај-ми-го. и кога главни режисери ни се некои од Пловдивската Високо Качествена Академија, и штанцаат по 6 претстави годишно, не е ни чудо шо јас, а и многу други веќе бегаме од театарот...

Uskebasi said...

Jas gospodine ke vi preporacam prvo da se educirate malku vo vrska so teatarskata umetnost, a potoa da si dozvoluvate da zboruvate kako kriticar, zatoa sto vo princip makedonskata publika ne e educirana, a ima pretencii i bara kvalitet koj ne i e poznat. a obicno kvalitetot koj go bara e podnesena poenta na tacna-cinija sto vsusnost e antiteatarski princip.
Vo red, publikata e sekogas vo pravo, no ako e tolku pametna neka taa predlozi sto da se raboti, neli taa plaka na krajot na kraistata.
pozdrav