Скршени Линкови
Вчера земав документи од Комерцијална Банка за регистрирање на кредитната картичка на е-банкинг системот. Заедно со Корисничкото име и Лозинката, добив и упатство како да го извршам регистрирањето. Одеше од прилика вака: Отворете ја следнава страна. Ја отворив, и таму добив известување: „Системот за електронско банкарство е префрлен на друг домеин.“ И тоа од пред 2 месеца.
Си викам толку ли е проблем во темплејтот за Упатство за регистрирање да ја сменат адресата, и да не им прават вакви непријатности на корисниците, башка што многу од корисниците и не се потковани со знаење, со што ќе се откажат уште на самата регистрација (да не расипат нешто).
Денеска пак, на новиот Yahoo!Mail, ми се појави реклама за HP кампањата: The Computer is Personal Again. Оти често имам мерак да плакнам очи, ја отворив рекламата... И пак исто како вчера: „Ви благодариме за посетата, ама линков не ве води никаде... разгледајте си лево-десно, ваму таму...“
А јас па им се лутам на Комерцијална. Kога може и HP, зошто не би можеле и ние :)
Шала настрана, непрофесионално е и од едните и од другите.
2 comments:
Ова е навистина сериозен проблем и е епидемично раширен особено кај нас.
Во Контактирај си ако немаш попаметна работа пишував за постовите на Јаков и Александар во кои тие кажуваат дека компаниите ги игнорираат своите корисници и кога овие ќе им пратат емаил за да се распрашаат за нешто.
Очигледно е дека сите треба да научиме да го користиме Интернет подобро - и ние корисниците, и фирмите.
да го видов тој пост.
имам и јас едно 10тина примери такви зад мене.
иако мислам дека не се работи за игнорирање, туку тие воопшто и не го отвораат меилот.
Post a Comment