Мрак Вечер
во пописот на рутински задачи на сабајле на работа ми е и разгледување на дневниот печат. електронски. иако рутинска, денеска ваквата „задача“ ме изнервира целосно. веќе неколку недели (ако не и месеци) приметувам дека на насловната страна на Вечер, редовно има по 1-2 вести за спортот (што е нормално). но не е нормално во категоријата спорт да стојат наслови како: Ева не му дава на Паркер, Бекам е обрежан, Женската на Тоти (Роналдо, Шевченко, Роси) гола, итн итн...
аман бре. вест (којшто не го читам веќе 4 месеци поради тие причини) им наби комплекс, дека мора да има голи жени, па дури и во спортот. иако тоа нема никаква врска со спортот.
изгледа ќе ми останат само утрински и дневник.
ама што ќе ми се повеќе кога имаме златни блогови за читање...
6 comments:
Сосема си во право со тоа на крајот. Интернет е толку голем ресурс што не мора да се секираме ако медиумите се без вкус и квалитетни содржини. Еве да тргнам од себеси, јас не се сеќавам кога последен пат сум купил весник, или сум гледал вести на телевизија. Или било која друга програма, додуша.
епа финтата е што ние блогерите сме бесплатни. тие земаат пари од нас за да постојат. и ако ни враќаат на овој начин!? епа фала им
:)
апдејт: денеска „спортскиот“ наслов е: Милиони се насладуваа на девојката на Есиен
Свашта!!!
А зашто уопште купуваш Вечер? :)
Ситуација 1 (пред 20 дена)
Ситуација 2 (денеска)
п.с. горе коментарот го пуштив без линкови само текс, затоа го избришав. :)
електронски го читам.
тамам работа и да го купувам :)
а ова со линковите: треба ич да не се вртиме назад, затоа што полни се со контрадикторности...
ајт нема веза!
Ах, вечер, вечер
нема потреба зборови да се трошат.
Post a Comment