28 May 2007

New Product

Вчера направив еден круг дома разгледувајќи ги амбалажите и етикетите на сите производи кои ми дојдоа при рака. Крајно изненаден. 90% од производите се одбележани со „банерче“ NEW. Гел за коса, Гел за туширање, Кутија за телевизор, Греалка, Слушалки...
Си викам, што е тука ново!? Никаде не е објаснето. Само е „шлапнато“ тоа ЊУ. Или е доволно индикативно тоа, ако е њу, тогаш е њу. Да им веруваме.
Дали има „нова подобрена ергономска амбалажа“, „нови амино про ултимејт состојки“, „нови течни кристали“ итн итн?!? Најчесто нема. Најчесто е само еден „фејс лифтинг“ во дизајнот на етикетата, и толку.
Макар и да е тоа, пак не треба да се става тоа њу ни на етикетата, ниту на амбалажата. Подобро би било секоја новина да се поткрепи со презентација на продажните места, со печатен материјал, или со тв реклама. Овие објективно се поскапи методи, но сепак се поефикасни. А тоа њу да се остави само за радикални измени, или пак за буквално нови производи. Затоа што Рол Он произведуваат безброј компании години и години наназад, а секој од нив има на етикетата њу. Точно, производниот асортиман се шири, се додаваат повеќе различни ароми, се менува системот за „тркалцето“, се менува изгледот на шишенцето, итн. Но тие измени воопшто не се насочени кон самиот производ.
Но сепак, изгледа, тоа банерче има големо влијание во продажбата?!

2 comments:

Anonymous said...

море, а шо биват со оние со nuovo?

GoodBytes said...

„Нова“ Македонија. ;-)