Музика Април-Мај
веќе објавив една листа на одлични музички изданија во перидот 2006-почеток 2007. овојпат ја надополнувам со она што го симнав последниве 2 месеца.
Travis - The boy with No name
Тревис се прекрасна група. Тоа ми го имаат докажано многу пати. Со одличен концепт. Обраќаат внимание на сите аспекти од нивното креирање. Не е само музиката, туку и текстовите, спотовите, омотите, имиџот...
Новиот албум не е лепенка за уво. Многу е покомплексен. Иако има 2 потенцијални наследници на Why does it always rain on me?, Sing или Side, во Closer (веќе сингл) и My Eyes, The boy... тоа не е, и никогаш не била цел на Тревис. Но сепак квалитетот се препознава, па така позитивните реакции за албумот ги даваат и топ лисисте: #4 на Британската албумска листа и одличното #1 на Британските иТјунс.
Значи се работи за прекрасно издание, од почеток до крај, одлично за попладневно уживање.
Timbaland Presents Shock Value
Тимбаланд. Кој би рекол дека еден човек стои зад одличните изданија на Џастин, Фуртадо, Џеј Зи, Лудакрис, Пусикет Долс па дури и Миси Елиот. Феноменален продуцент. После неговите песни останатите звучат плитко.
После светскиот успех на артистите „под негова капа“, конечно одлучи да одвои малку време и за себе. Скоро 10 години после неговиот деби соло албум Tim's bio: Life from da Bassment, Тимбаланд собра цел куп гости и си направи албум по свој кеиф. Освен воведната песна Oh Timbaland, за која има користено семпл од Нина Симон, сите останати се соработки: Фуртадо, Џастин, Др.Дре, Миси Елиот, 50 Сент, Д Хајвс, Фол Аут Бој, Елтон Џон... Интересно е тоа што и продукцијата е направена според гостинот: Со Џастин оди накај поп и р&б, со Дре и Миси накај хип хоп и особено интересните песни со Хајвс и Фол Аут Бој - рокерски.
Првиот сингл Give it to me, соработката со Џастин и Фуртадо веднаш се најде на #1 и на Британската и на Американската топ листа.
Manic Street Preachers и Doves
Од овие артисти сеуште ги немам комплетните изданија. Но од материјалот кој досега го имам преслушано, се работи за квалитетни дела. Особено заразна е водечката песна на Меникс, заедно со Нина Кардиганс, Your Love Is Not Enough. Многу интересно аранжманско решение - цела песна е како рефрен. Одлично.
Давс пак, кој имаа одличен албум 2002та (The Last Broadcast) се вратиле 2005тата (а јас не разбрав) со Some Cities. Албумот се искачил и до #1 место на ЈуКеј албумската листа. И има зошто. Испреплетени рок-електро-чил аут звуци, заводлив вокал и пријатна атмосфера излегува од ова издание. Препорачливо.
No comments:
Post a Comment