Manchester United 2007/08
Маркетингот е чудо. Што се нема да смисли за да направи повеќе пари. Ланските дресови на Манчестер Јунајтед (МУ) беа меѓу најгрозните кои овој клуб ги имал, арно ама тие биле еден вид оживување на дизајнот кој го имале првата сезона кога играле на Олд Трафорд, а поради тоа што минатата сезона стадионот беше реновиран и со зголемен капацитет, причината беше повеќе од оправдана. Е сега годинава МУ прават нови дресови, и поради тоа што нема некоја приказна околу нив, се оди на промена на бројот на главниот играч. Вејн Руни ќе ја носи 10-ката. Редизајнот и новиот број сигурно ќе ја зголемат продажбата за 50-60% од таа што би се реализирала да не беше така.
А тоа што дизајнот е одличен, можеби најдобар до сега, е мамка плус продажбата да достигне големи бројки. И после бил најбогат клуб, епа Е!
No comments:
Post a Comment