19 August 2007

Радио Рекламирање

патот до работа ми трае околу половина час и најчесто го одам сам. монотонијата ја разбивам со слушање музика, а оти немам голема мемориска картица на телефонот и плус поради дозата на изненадување (од песната која ќе ја пуштат) слушам радио. и целосно сум изненаден и разочаран од радио адвертајзингот во нашиот етер. најчесто вртам помеѓу водечките меинстрим радија Сити и Антена, а поретко останатите. но тоа што се нуди како реклама на овие радија е стварно жално.
се сеќавам на времето кога антена беше лидер низ Македонија, иако имаа многу долги блокови со реклами, имаше стварно некои навистина изработени реклами кои вредеа како уметнички дела, а не само како комерцијален оглас.
она што деновиве го приметувам е веќе крајното лигавење на луѓето кои ги читаат рекламите. веројатно тие гласови створија некој имиџ и цена на пазарот кај нас, па сега си дозволуваат да прават што сакаат. или пак режисерите/клиентите тоа го бараат од нив.
но тоа мене како обичен слушател ужасно ми смета. читаат како во исто време јајце да снесуваат.
освен дебилската гласовна поддршка, рекламите немаат никаква провокативна содржина. додуша зборот провокативна тие го имаат сватено само како сексуална, па многу често тексовите се трудат да привлечат внимание само со сексуалната конотација на пораката. тоа се една група реклами, а другата се целосно обични текстови како на соопштение на радио скопје од пред 20 години, со назнака дека во позадина оди туп-ца-туп-ца светски хит: во продавниците на ХХХ пристигна новата ХХХ по специјална цена. побрзајте. количините се ограничени. и толку. премалку.
не знам дали ефектот на радио рекламирањето е толку мал за да не се вложува во негова изработка, но сепак сум сигурен дека веќе кога се рекламираш тоа не треба да биде „ради реда“. подобро да не те разберат по лоша реклама ако веќе имаш добар производ.
а за радијата со балкан-поп-фолк ориентација и нивните самокомпонирани реклами од типот:
- Врне....
- Нека врне, имам канадски олуци...
да не правиме повеќе муабет.

No comments: