Пак за Пандев
втор пост за неполн час. вака може ќе се оддолжам што ме немаше подолго време.
а втор пост и за нашиот „супер стар“ Горан Пандев.
еднаш пишував за ова. сега само се надоврзувам. повторно во Македонски Спорт ја видов веста дека Гоки немало да игра за Македонија, в среда со нинџите од Африка.
и што повеќе. не почнала сезоната Пандев се изморил. а имал и ситна повреда. сигурно ноктите криво си ги исекол, па го боли живецот.
абе плачко и помочко. како што пишав и тогаш.
чао тути.
2 comments:
Де бе што толку го мрзиш човекот...
:))
не го мразам човекот, ме нервира однесувањето како супер-стар. можеби му е наложено од некој агенти, ама едноставно тоа не е однос кој ние како публика и како национални навивачи го заслужуваме.
на крај краева, резултатите ни се грч, немаме победа дома со години, па пак ја поддржуваме репрезентацијата, а нашиот супер-стар така ни враќа... тоа е!
Post a Comment