14 November 2007

How to lose your client in 10 minutes

во саботата кога станав приметив дека претходната вечер додека гледав телевизија, во целосно лежечка позиција, сум си ги искривил очилата. не е прв пат така да гледам телевизија ама прв пат ми се случи да ми се искриват очилата. веројатно занесен, не сум приметил колкав притисок ставам на нив. (како појаснување на приказнава, петок вечер се вратив во мојот матичен дом во струмица, додека мое привремено пребивалиште ми е скопје).
си реков, можно е да ми е дислоциран центарот на стаклата па ги однесов во оптиката од каде што ги купив. ДИОПТРА. а ги купив во мај-јуни. културно замолив да ги проверат очилата, да ги исправат и да ги „центрираат“. добив одговор: од причина што очилата биле пластични, без долен рам и сл... биле малку специфични за работа, па ме замолија да навратам околу 16 часот (ова се случи во 10:30). (уште едно објаснување, кога ги земав очилата, си ги платив и чекав околу една недела да ги испратат во оптиката во скопје, затоа што таму биле експертите, таму да ми ги монтираат стаклата..)
некаде пред 16 дојдов во ДИОПТРА, ми ги дадоа очилата, НЕ МИ ПОБАРАА ПАРИ за извршената услуга, и си заминав. дома земав детално да ги проверам очилата, и само што ги извадив од „куќичката“ гледам стаклата дека се скршени. и тоа двете, на идентични места (по 2 ќошиња фалат на двете стакла). трчам назад до ДИОПТРА, затворено!!!
гад дем монголијанс...
кројам дома стратегија... недела исто така не работат, во понеделник сум на работа, во скопје. решив да ги носам очилата со мене во скопската филијала на ДИОПТРА, па да се разбереме овде. со тоа би скратил 2 дена во превоз на очилата од струмица во скопје.
вака и вака, очилава беа малку искривени, ги однесов, ми ги вратија повеќе искривени и со скршени стакла... ама дечко тоа е во струмица ние сме друго... што се друго кога иста фирма сте и исти газда... а и вие плус ми ги местевте стаклата.
зема момакот да се слуше со стумичаните. по 2-3 минути ми го носи телефонот и ми вика сакаат да те слушнат.
- молим
- што е проблемот?
- имам покриви очила отколку пред сервисот, плус имам скршени стакла...
- па ние ти рековме носи ги очилата во скопје ние ништо не може да им направиме
- кој ми го рекол тоа?
- ние
- а од каде знаете вие јас каде живеам што правам и каде се движам, за јас да ги однесам очилата во скопје... а плус и не ми рековте така, ми рековте очилата колку можевме ги исправивме, сега се супер..
- дечко, не тропај глупости...
е тука се изгубив, такво урлање во сред ГТЦ немам сретнато, па уште и јас го демонстрирав...
- какви глупости тропам ма, кога ми ги скршивте очилата и ми кажавте дека се супер!, не е ова сладолед да ми падне на земјата и да се помирам. очилата ми се ортопедско помагало.
следуваа 3-4 минути на расправање, од кои произлезе дека сепак тие пробале да ги поправат, меѓутоа небивало, ми ги трснале така, веројатно очекувајќи да се помирам.
ова се случуваше во понеделникот.
во вторник телефонски побарав да се видам со газдарицата. била на пат, само што стигнала, и да одам во дуќанот до 21 часот таму ќе била... од телефонскиот разговор разбрав дека во струмица нејзините родители (читај старци) биле сервисери, и тоа самоуки. не оптичари.
попладнето отидов, добив срдечен одговор дека газдарицата само што си отишла, малку да одмори, ша ќе одела на вечера!?!? ова се очилата, ние ги исправивме сега се супер.
- а стаклата?! не се сменети како што гледам?
- за стаклата кажа дека може да ви одобриме попуст, тие чинат 900, вам би ви ги дале за 700?!?
- what the fuck!!! секаде се стаклата 600!? а во кина (од каде што веројатно ги носат) се 6.
си ги земав скршените очила, сега си ги носам. додека не си купам нови, од друго место, а во меѓувреме кога ќе се вратам во струмица ќе си одберам нешто од дуќанот. ако јас не можам да докажам дека ми ги скршија очилата, не можат и тие да докажат што сум си одбрал од дуќанот!
и пак ќе кажам, кај нас има закони само за тие што ги почитуваат!!!
а поради тоа што диоптра тоа не го прават, за нив нема закони!!!
ааа да, и не ми наплатија за тоа што ми ги исправија очилата...
ако однесам јас чукната кола на сервис и ми ја испеглаат, дали и тие не би ми земале пари? или тоа ќе го направат само ако ми го скршат ветробранското стакло?!
целта на овој пост е барем половина од тие што ќе го прочитаат да не купат ништо од диоптра, и уште на една четвртина тоа да им го пренесат.
ако се случи тоа, јас ќе си ги сменам стаклата и по редовна цена :)

5 comments:

Anonymous said...

Џабе нервозите... На крајот пак ќе си платиш нови стакла.
И јас имав слична епизода. Купив очила со пластични стакла (каков оксиморон) од една оптика од ГТЦ, Елени. Типката криво ги направи. По моите рекламации, не сакаше да прифати да ги изработи од почеток (криво беа избушени стаклата). Ми рече: Ќе се навикнеш! (???)
На крај, отидов во Геталдус преку Камени мост. Ми ги корегираа (колку што може).
Сега требаше повторно корекција, ама се решив да направам нови стакла. Во Геталдус, откако ги замолив да внимаваат како ќе ги изработат, ми рекоа дека немора да ги платам ако не ми се допаднат. Ги направија одлично. Сега немам никаков проблем. Само дупли трошок... :-)

GoodBytes said...

Диоптра sucks!

Anonymous said...

Dioptra сакс, од искуство.

Него, кај ги најде 10 минути? Овде два дена си раскажал ;)

dasaf said...

Dioptra сакс, too!
тие десет минути се кога „се изгубив“ во дуќанот. кога ме направија будала, и „кога тропав глупости“.
ако ми кажеа нешто од типот: грешката е настаната од таа и таа причина, ние искрено не ја приметивме, но еве ќе ги смениме стаклата веднаш, или повелете ваучер од 10-15% за следниот Диоптра производ...
тогаш тие 10 минути за мене ќе беа: Dioptra Rulez!!!
инаф!

Anonymous said...

Еве јас пред неколку дена си направив очила во една оптика во ГТЦ се вика Орбис, горе е на спрат. Ако на нешто паѓам, тоа се фини и услужливи продавач(к)и. Се покажаа многу пристојни, на раат си пробував рамки во една релаксирачка и опуштена атмосфера и таму и си ги најдов оние кои најмногу ми се допаднаа. Прашав за изработка на стакла, ми кажаа и покажаа како финкционираат тие заштитите и си порачав и со електромагнетна заштита. Чекав една недела пошто требаа да ги порачаат и сега за сега сум многу задоволен. Два пати поминав да ми ги средат (стегнати, малку разлабавени дрн дрн) и ми кажаа кога и да има проблем да наминам, ќе сме „дотерувале“...

А ова со Диоптра треба и подалеку да се чуе...