Таксират 9
пред да прочитам било што за фестивалот, да си го кажам своето.
прво за општи организациски импресии:
Литиум се традиционални „швајцарци“. тоа го почитувам кај нив тотално. уште од времето на 3-4-тиот таксират, па и ус пат со сите други нивни настани, импровизации околу термините нема.
„боновите“ за пијачки се исто така традиционални, и овозможуваат релаксирано посетување на шанкот.
влезот во халата е исто така релаксиран, а одлично е поделен и преминот од хала1 кон хала 2 (кое своевремено беше ужасно тесно грло). па сега на раат се движиш од рокот кон техното (традиционална поделба на сцените).
тоифор тоалетите се исто така одлична работа за ваков настан.
мобилна екипа за прва помош плус амбуланта (за секој случај) истотака се плус на страната на литиум.
осветлување и озвучување на ниво.
организациска забелешка е што немаше на сцената, а ни околу неа знамиња или постери со ТАКСИРАТ, веќе кога имаше од сите спонзори...
второ за музички импресии:
Холокауст имаат фронтмен кој личи на брат на Зоран Божиновски кој е прилично несмасен на сцена, па ни симулираше кршење на ѕид со глава, ни покажуваше дигање тегови и останати дестуктивно билдерски „финти“. метал музиката не ми е толку блиска, ама ми се чини дека металот е пред се тинејџерски хир, за оние пооткачените. во секој случај кој не ги гледал, не испуштил многу.
по нив на Меин Стејџ, ги гледавме Дени те чува (Dennytechuva). дечките мене најпозитивно ме изненадија. од нив имав слушано само песни од акустичниот материјал, ама во живо се прекрасни. ме изненади и тоа што имаат бројна публика, која им ги знае сите песни. а имаат супер музика, имаат толку заразни рефрени што и плејада поп изведувачи кај нас може да ги сонуваат. супер е и што се толку едноставни. ќе читате веројатно и на друго место, а и заслужува внимание, изведбата на НАВИВАЧКАТА песна. вистински вриеж. кулминација.
хладно пиво беа после нив. исто така имаат верна публика. јас не сум во тој круг. еднаш, претходно на таксират, ме отекоа, па и немав некое посебно очекување од нив. за среќа не бев во право. барем 3/4 од настапот им беше супер! имаа добра свирка, добро звучеа, и ја држеа и неутралната публика во размрдано расположение. арно ама после некое време почнаа да тупат. им забега малку и музиката, и пеењето беше така-така... па редно беше да се префрлиме на „техното“.
точно тогаш започнаа Дубиоза Колектив. едни босански нинџи. 2 машки вокали, 1 женска и уште сурија музичари. кај нив па обратно беше расположенито. почнаа лошо. прегласно, машките урлаа, женската како да ја немаше, и општо целата музика звучеше ненаштимано. можно е и типците од миксетата да ги немаа потребните сетинзи направено, па како да грчеше цел настап. а и салата беше полупразна. ама како се префрлаше народот од 1 кон 2, така напреднуваше и настапот на дечките. се развеселија и тие, а не развеселија и нас. а и девојчето веќе се слушаше повеќе. побаравме и добивме бис, а тие посакаа пак да дојдат. ептен фина публика сме...
додека да се наштимаат ПМГ тркнав до Лајбах. како и што очекував. арт-дарк-пост и што ти ја знам каков префикс на нивната музика. не е за мене. едноставно нели, се вратив во 2ката.
ПМГ се добро нешто за македнската култура, воопшто. ама иако се 15 години на сцена, оваа live формација како да нема доволно искуство. па наместо да ја искористат веќе загреаната публика како основа за фуриозен настап, тие ја иссецкаа. по методот тргни застани. убаво за нив што работат и на нов материјал, ама секоја музика, па и нивната, подобро се прима ако веќе ти е блиска. па затоа нивниот настап беше поделен на стари хитови и добра атмосфера, и нови песни и публика која чека стари хитови. мирко попов како традиционален оратор ги користеше паузите меѓу песните да „објасни некои ствари“, што го прави со половичен успех... сигурен сум дека доколку направеа траклист со хит-па 2-3 нови-па уште 4-5 хита, многу ќе беше подобра атмосферата.
е после тоа мирко се извади, барем од она што јас го фатив како диџеј сет. се гледа дека во таа област нема импровизации. нема што. си ја разбира таа работа.
после ПМГ и дел од мирко попов, отидовме на Базкокс. ова ти е некоја врста на паб (читај кафански) состав. искрено кој знае дали и колку овие момци некогаш биле популарни. а иако биле, а уште се активни, би можеле малку да еволуираат. слично (дури полошо) од стренглерс пред 4-5 таксирати.
се вративме на лицето М.П. за него важи истото од пред неколку реда...
уморот веќе драстично ја превземаше контролата над нас. се чувствуваше низ цела хала. па затоа и на Дарко Рундек првото прашање му беше: Многу е доцна, како не сте уморни? околу Дарко Рундек може исто така да се спори со Литиумци, дали беше на место одлуката тој да остане на крај... јас имам позитивни импресии од тоа што го видов од нив. иако не ги догледав до крај.
Тика. хмм. за него нема ништо да коментирам. затоа што одвај послушав 5 мин од него. уморот веќе беше предоминантен...
трето, за таксират како феномен.
пред да одам ме прашаа со кој ќе одам? јас одговорив дека со кој и да одам, таму се сите! и во право бев. има луѓе кои ми се чини ги гледам само на таксират. ама секогаш ги гледам, и само таму. од ултимативни панкери, хардкор металци, техно фрикови, естрадни ѕвезди, блогери, осмооделенци, средношколци, студенти, професори, пензионери. сите се таму. озбилно. а па за 300 денари влез и 50 денари пиво, и срамно е да не се таму...
No comments:
Post a Comment