08 December 2007

Direct Sales & Multi Level Marketing SUCKS!!!

времето е пари, своевремено изјавил Бенџамин Френклин. ако е во право господинот, тогаш имам аргумент плус за ова што сакам да го пренесам.

имено, веќе подолго време од такт ме вади начинот на продажба на добра и услуги кои го пропагираат се поголем број претпријатија и институции во македонија. зборувам за т.н. дирекна продажба, или уште полошата варијанта - мулти левел маркетингот.
прво ќе ти дојдат во канцеларија од банките - ќе ти ломотат за бизнис кредитите, друг ден ќе ти ломотат за кредитите за вработените, трет ден за девизи, четврт за останати финансиски услуги...
после ќе ти дојдат од осигурителните компании, и тие може цела недела да ти ломотат.
па ќе ти дојдат СЕКАКВИ МАРКЕТАРИ, од едни други трети страници и книги, па портали, па телевизии, па радија. за да се рекламираш кај нив.
па ќе ти се изредат козметичари, оптичари, гардеробери и што ли уште не.
и дома кога ќе се вратиш ќе ти се тупосаат истите овие, плус истражувачи на пазарот.

ако си направиш после сето ова компаративна анализа, сигурно ќе излезе дека си толку во минус од изгубеното време, што било која понуда од нив да ја прифатиш нема да ти биде доволно атрактивна за да те извади од минусот.

еве да речеме дека банката Х ти дошла со понуда на баш тоа тебе што ти треба. кредит за возила - да речеме. и сега ако кај другите банки каматата за возила ти е 7, а овде ти е 6,8% ти си Заштедил ептен многу, затоа што и не си бил свесен за таа понуда на таа банка... тоа е одприлика тезата која ги мотивира понудувачите на овој начин на пласирање на своите добра и услуги. и затоа се полесно и полесно се одлучуваат на ваков чекор. ангажираат студенти или курсисти ги „обучуваат“ (читај учат на памет) за текстот на понудата, и ги пуштаат да шетаат по фирмите. за тоа добиваат или процент или фиксен надомест (ова повеќе се однесува на директната продажба, кај мулти левел маркетингот е поинаку). да се вратам назад, значи ти дошле со таква спектакуларна понуда, и ти си задоволен и тие се задоволни. биле кај тебе околу час и половина, претходно и по телефон уште пола час, за документи поптиси и такви ствари ќе ти дојдат уште 2-3 пати. ама нели се во интерес на работата. и од тогаш влегуваш во машинеријата, ќе ти се изредат сите горе што ги набројав, а ти очекувајќи нешто „спектакуларно“ ги примаш сите. и не наоѓаш ништо посебно. еднаш. двапати. сто пати. полошо е што ќе те убедат да земеш нешто и што не ти треба. колку време си изгуби по нив??? што заштеди???


а колку пати просечен македонски газда или бизнисмен побарал услуга од финансиско биро, од маркетинг агенција или од различни консултанти и советници?!

што ми е зборот: доколку кај претпријатие се јави било каква потреба, едноставно се јавува до такво специјализирано претпријатие и поднесува барање: испрати ми понуди за кредити за возила, од банки, лизинг, директно од трговците со возила... добиваш сурови податоци, добиваш анализа, споредба и на крајот и предлог: Врз основа на вашите потреби и барања ви предлагаме Возило ХЛ по кредитната линија на Банката НТ од застапникот БИ. кратко и јасно.
утре задутре, ми треба реклама во весник - повелете цени од сите агенции. ми треба софтверска апликација за ова и ова - добиваш понуда од десетици претпријатија. изборот е огромен, времето е на твоја страна, а тоа што ќе ги исплатиш советниците верувајте е далеку помалку во споредба со сите малтретирања со секакви агенти и маркетари - кога нив ќе им текне!

да, ама такви претпријатија кај нас се утопија.

едноставно нели, иако некој ќе каже дека ваквиот тренд е светска појава, сепак мене ужасно ми смета. си сакам сопствено право на избор. не сакам да дојдеш и да ми кажуваш како вие сте 100 пати подобри од другите. мојата перцепција е најзначајна во мојот куповен процес. а дури доколку те прашам зошто сте подобри, тогаш можеш да ми објасниш.

и за крај уште нешто. нели ви смета на сите кога ќе дојде некој да ви нуди нешто за кое со никаков сигнал му немаш дадено до знаење дека си заинтересиран. напротив, прв пат слушаш за такво нешто баш од него, и баш во тој момент?!?

2 comments:

Anonymous said...

Good post.

Anonymous said...

Интересно написано....но многое остается непонятнымb