Република МРЧАДОНИЈА
последниве неколку месеци, можеби и години, пробувам некои значајни настани да ги набљудувам од страна, колку што може пообјективно. и потоа исто така од страна, да ги следам коментарите на моето потесно, пошироко и општонародно окружување. и забележувам дека сме тотални НЕГАТОРИ. ако може тој збор да го објасни она што сакам да го кажам.
не постои нешто, било што, било како што нема да повлече серија негативни коменари. жаргонски и блогерски кажано - мрчење. и најспектакуларно е што огромен процент од луѓето „мрчат“ на сите теми.
беше евровизија минатата недела. сите измрчија. кој кај стигна таму измрчи. па побогу луѓе расправате дека секоја година е грозна и дека ептен сме за никаде, а пак одвај чекате да дојде таа евровизија. изгледа ја чекате за да ја измрчите. па да ја прекрстиме во МРЧОВИЗИЈА.
јас лично си стојам на ставот дека споредено со сите балкански земји имаме најдобра поп рок музика. а богами и алтернативна. секоја чест на исклучоците од другите земји, ама од сите аспекти нашата музика е поквалитетна. и многу ми е мило што нашата продукција не го прифаќа шундот кој владее во околните земји. (посебен пост на оваа тебе би следувал наскоро)
тоа што ние на евровизија поминуваме така како што поминуваме е одраз пред се на ваквото мрчење кое го покрива овој настан. ама се си викам, ќе помине и годинава, ќе поминат уште 2-3 години кога сите „заслужни“ ѕвезди од поп-сцената ќе поминат на евровизија (ламбе, калиопи, дани...) и ќе се затвори воинствениот круг околу оваа манифестација, па после ќе може на тенане да си праќаме различни ламперии, трачери, чувари... и да си фаќаме сеир на цела таа пластична сцена.
она што највеќе ми пречеше деновиве беа коментарите од типот: „абе не ја гледав евровизија, така фатив само 2-3 песни и фатив нешто од гласањето, ама беше тешка мизерија...“ и после тоа следува подолг коментар во кој се третираат сите организациско технички пропусти кои се провлекуваа цела манифестација. што значи, не може да си гледал само 2-3 песни, а да си свесен за сите настани од целата програма која траеше преку 3 часа.
понатаму, „прекрасни“ беа колегите блогери кои веднаш позавршувањето на изборот се втурнаа во постирање и коментирање на настанот. „абе ја тоа не го гледам, глупости е бе, онака...“ и пастирање на вакви слични коментари на секој можен пост кој асоцира на евровизија...
зошто? толку ли е ин таа евровизија. кул ли е да ја мразиш. кул ли е да ја омаловажуваш? едноставно, немаш причина за такво нешто. кулирај стварно. излези некаде и заборави за таа..
после тоа дојде протестот. мрчење повторно. те зошто, те како, те каде, те кои. аман бре луѓе протест. или излегуваш или не излегуваш. или го поддржуваш или си против. имаш став по тоа прашање - изнеси го.
ама зошто такви празни муабети. „абе што ако се собра толку народ, се е решено“. „ајде бе се собрале дрогираши таму“. „вмро и есдеес“ „бранко и киро“ „сака изгледа миленко партија да прави“... и така до без крај...
и веднаш се присетив на еден виц.
во пеколот имало казани за секоја нација. и над секој казан имало по еден луцифер со вила. само над македонскиот казан не стоел никој.
некој прашал: „зошто стои по еден луцифер над секој казан, а само над македонскиот не стои?“
му одговориле, епа ако случајно некој проба да излезе од котелот да го бодне озгора и да го врати во оганот, а ако некој проба да излезе од македонскиот, тогаш - неговите од внатре ќе го потегнат да падне...
No comments:
Post a Comment