Буда
.аНТИ во последниот пост шири интересна теза за случувањата во Македонија последниве недела-две, во која јас би додал и уште еден, слободно може да се каже, парадокс.
имено, пред неполн месец Владата го означи почетокот на Годината на македонскиот јазик, година во која се планирани многу активности кои би требало да ја подигнат свеста за зачувувањето и одржувањето на македонскиот јазик.
арно ама, деновиве започнува нова „кампања“ за Одбележување на меѓународниот ден на франкофонијата. кое лицемерие. на кучето држ, на зајакот бегај.
а овие франкофонците пак се на правиот пат да ги надмината Пета во својата досадност.
----------
дополнување: Франција е земја која што единствено и се придружи на Грција на бедните средби во Брисел. Франција е земја која што е во состојба дури и Грција да не признае како Р.Македонија таа да се инаети. Меѓутоа нашата Влада сепак ги поддржува франкофонците :(
Благодарност на Деко за конструктивната забелешка.
No comments:
Post a Comment