29 March 2008

14 книги

Вчера се одржа промоцијата на 14 блогерски книги. Бев на промоцијата, и таа го потврди тоа што си го мислев и претходно: Дека нема никаква потреба од издавање на книги направени од претходни постови на блог.
Ќе пробам да го потврдам мојот став.
Значи „14 од најпопуларните блогери“ кој пишуваат на блогерај своите постови ги ставија во печатена форма. Причината била да и тие што не ги читаат блоговите да ги прочитаат нивните ставови, раскази, патеписи и сл. Зошто? Зошто ако не ги читаат тука, би ги прочитале таму? Како и би знаеле тие кога ќе влезат во книжара дека овие се книгите на блогерите? Добро, можеби првиве неколку месеци ќе стои некој промотивен знак околу нив, ама мислам дека вкупната нивна читаност нема да се зголеми ни 2%.
Целата промоција беше повеќе во знак на блогерај, а не на авторите. Впрочем авторите не ги ни видовме?!? Во блогосферата никот е доволен податок за некој блогер, но во писателството и издаваштвото не е баш така. Па сега, од каде да знам јас дека всушност не се 14 блогери туку дека се 7 кои си имаат по 2 блога со различен ник, или пак дека се двајца со по 7 блога...
Кога авторот нема да излезе и да каже 2-3 збора со кои ќе те убеди да ја купиш неговата книга, зошто би ја купил? Подобро ќе беше да издадеа 2-3 книги „Најдоброто од блогерај“, па тогаш Трендо да можеше да се дуе како „ја добиваме битката...“
Или пак, да пробаа со „нарачана“ книга (го спомна тоа Дарко на промоцијата како тип на блог издаваштво) од најпопуларните блогери. Тогаш сигурно и поголем дел од блогерите и редовните читатели на блогерите ќе беа во конкуренција да ја купат таа книга, затоа што не постои како постови.
И за крај, блогосферата е интересна и поради коментарите. Тие се исто толку битен дел колку и самиот пост. Некогаш се случува пост од само еден ред, да предизвика неколку стотици коментари... И што сега ако го видиш тој пост во книга!?

Ако ми текне уште нешто, ќе го ставам во коментари :)

4 comments:

Anonymous said...

Погрешно си изведил/а заклучок за причините, тоа беше само мислење на еден од промоторите (мислам на Трендо дека беше тоа).

Ванчо said...

Се сложувам само со последниот пасус, отприлика.
Ако издавањето на некоја книга се гледа од чисто маркетиншки аспект, тогаш - да, не се исплати издавање на ваква книга.
Но, ние - како мал народ со сиромашен издавачки капацитет - мораме да го поддржуваме секое издавање на книга (или друг вид на списание), без оглед колку добро (или лошо) таа се продава.
Секоја нова книга значи уште едно зрнце песок во нашата култура, и остава нова трага за нас и за нашето постоење.
Не смееме да си го дозволиме луксузот да ги обесхрабруваме сите оние кои имаат храброст да издадат книга. Напротив, да ги поддржуваме и цениме, ако ништо друго, барем за напорот.
А Трендо е познат со својата улично-шмекерска, воглавно празна, квази-култура, не треба да се зема сериозно.

Anonymous said...

зошто да ги читаат на хартија ако веќе не ги читаат на блог? па, како звучи, можеби затоа што немаат интернет??? а за она, ако го нема авторот со два-три збора да те убеди да му ја купиш книгата... тоа веќе влегува во аналите на човечката мисла. имаш поздрав од шекспир, петре м. андреевски, буковски и останатите мртви души кои за жал веќе немаат шанса никого, со два три збора да убедат да им купи книга. боже сачувај од вакви 'анализи'.

dasaf said...

Друже анонимец, не знам која ти е поентата, ама јас и си кажав, подобро да објавеа „Најдобро од Блогерај“ книга за тие што не читаат на интернет, веќе кога не ги претставија авторите.
А тие автори кои ги спомнуваш ти, мртвите души, имале далеку поголемо општествено и социјално делување во своето време, а не само пишувањето. Што ги прави далеку поубедливи...
Јас сум приметил и стојам зад тоа, дека луѓето кои се добри зад тастатурата многу ретко се снаоѓаат во офлајн светот, дури и во куртоазен муабет... Го имаш Трендо за пример.