06 August 2008

При очи и уши, слепи и глуви

Не знам точно како одат работите околу акредитација на новинари и фоторепортери за големите настани кај нас. Знам дека Литум рекордс пред некој такви настани објавуваат некаква си апликација, а после како оди процедурата не знам.

Но претпоставувам дека мрмкање за ГРАТИСИ постои „на велико“.

Е, откако истите тие новинарчиња ќе се впуштат во задачата наречена известување од концерт се случуваат толку слатко-горчливи работи. СтраФ да те фати.

Ја ногу љубам на концерти да одам. Значи стварно колку љубам. Години наназад. Кога весниците не излегуваа он-лајн „ривјуата“ од концертите на кои сум бил ги режев од весниците. И имам еден албум во кој ми стојат сите влезници, флаери и критики.

Она што ме боли е што и после скоро 10 години од мојата концертна активност не се случило некој настан да биде комплетно прецизно покриен. Редовно во 80% од изданијата има такви страшни грешки во известувањата што целосно се извртува работата за дадениот настан Х, што ако не си бил подобро да не ги читаш.

Последен пример, претпоставувате, е концертот на Лени Кравиц. За овој концерт верувам дека се барале гратиси преку трупа. За браќа сестри роднини и балдазки. И кога излегоа во понделникот/вторникот „извештаите“ да не знаеш на кај да фатиш.

Ако се земе Унија на извештаите: тајмингот на Ареа се движеше од 8:30 до 9:30. Трањето на настапот од 20 до 40 минути. Концертот на Лени Кравиц траше од два до дваипол часа. Публика имаше од 10-15.000.

Ама ај ќе речеш тоа се некои тривијалности. Но затоа пак коментарите за трак-листот се вчудоневидувачки. Во серија весници беа наведени песни кои воопшто не беа изведени на концертот. Како на пример Итс тајм фор лов револушн (од која Лени без никаква придружба само еднаш-два пати го почна рефренот - акапела) и Ај билонг ту ју. Па уште и заносни коментари како баш на тие песни публиката полудела!?! WTF.

Ако не го знаеш Лени Кравиц, т.е. ако не го слушаш, а си пратен на задача да известуваш потруди се малку повеќе, отколку само да препишеш од некаде кои песни се често на репертоарот.

Во македонското музичко новинарство од поновото време сакам да му оддадам само почит на Даниел Михајловски. Трагично загинатиот новинар на Дневник/Антена и колумнист (чинам на он.нет). Кај него вакви непрецизности беа недопустливи. Друго е што мене не ме бендисуваше затоа што 70-80% од извештаите му беа со негативни критики по било која основа (организатор, светло, озвучување, артист, публика). Ама тоа сега не е ни време ни место да се коментира. Типот во секој случај заслужуваше внимание, додека не се случи тоа што никој никому не го посакува.

1 comment:

Anonymous said...

Добра рецензија