06 August 2008

Smart is the new sexy

Ќе изигравам малку Crapwerk, па ќе ја коментирам/препорачам мојата омилена серија во овој период, а за која скоро и да не сум прочитал ништо на македонски.

Се работи за минато-сезонскиот хит на CBS, наречен The Big Bang Theory.

Класична ситком серија во стандарден 22-3 минутен формат.

Главни ликови се двајца гик-н’рд физичари. Шелдон и Ленард. Доктори на науки, осовојувачи на сите можни награди од областа на физиката и сконцентрирани на освојување на Нобеловата.
Живеат заедно (in seporate heterosexual bedrooms) и имаат комшиВка - Пени. Келнерка.
Друштво им прават големиот мачомен, Евреинот Воловиц, и човекот што не може да разговара со женски - Индиецот Раџ. Исто така инженери-физичари. Н’рдови такоџе!

Во текот на септември ќе започне втората сезона, а првата сезона поради познатиот штрајк имаше 17 епизоди.Ги имам сите и секој заинтересиран откако ќе ги изгуглизира, јутјубира, википедизира и ќе остане заинтригиран даунлоудирањето може да го избегне со праќање порака во коментари, стојам на располагање да ги „спржам“ секому :)

3 comments:

Anonymous said...

Ај пржи

mitko said...

Мене посебно интересни ми се насловите на епизодите :)

dasaf said...

Allright. Noted.
(заб. Шелдон)