25 August 2008

RIP Syd Barrett (со закаснување - големо)

Се потсетив денеска на златните денови во средно кога киснев до грамофонот на татко ми слушајќи ги The Wall, Animals, Dark side of the moon... и подоцна The final cut, Wish you were here плус разноразни збирштини и Pink Floyd компилации...

Па уз муабет ми текна на составот што за една писмена по англиски го пишував прибирајќи податоци од тогаш скромниот без-гугл-вики-интернет, за Сид Барет, и реков ај да видам „што има ново“. И видов дека човекот си заминал, и тоа уште во 2006.

До толку читам весници и пратам новости ама оваа вест или ми се спровнала, или пак ретко кој и ја забележал.
За оние кои ги мрзи да читаат википедии, да кажам дека Сид е еден од основачите и прв вокал на бендот - во периодот 1964-1968. Што се вика ја извадил групата на прав пат во период во кој издале два албуми и станале популарни. Таа слава му удрила в глава на Сид ти тој исчезнал губејќи секаков контакт со сите.

Кога во 1975 година групата го снимала албумот Wish you were here, за време на студиската сесија во која требало да ја изведат песната Shine on you crazy diamond, Сид се појавил во студиото. Ненајвен воопшто. Никој од бендот не успеал да го препознае, затоа што бил видно поправен и целосно избричен (освен косата вклучувајќи ги и сите телесни влакна дури и веѓите). Случајно или не, бендот планирал нему да му го посвети целиот албум, а оваа песна била само за него.

Колку е ова морничаво толку е и спектакуларно како и целокупното творештво на Пинк Флојд.
Сид до крајот на животот останал да живее во замокот во Кембриџ и контактирал само со неговата сестра, која му била единствен прилив на информации од „надворешниот свет“. Иако се претпоставува дека Сид имал нарушено ментално здравје, неговата сестра тоа го демантира, а како причина за смртта се наведува боледувањето од рак на панкреасот и долгогодишните компликации со дијабедисот.

Ова е мое мало оддолжување за тоа што предоцна разбрав за неговата смрт. Нека му е лесна земјата...

No comments: