04 September 2008

A1 Немирна

Македонија в сабота почнува нов циклус квалификации во кој или ќе бидеме втори или ќе бидеме последни. Ништо помеѓу.

Првиот натпревар е овде кај нас, на руината од Градски со лајф сапорт од кинескиот ѕид :) при што скоро сум сигурен дека пак камерите ќе бидат поставени на јужна и ќе се гледаат градежните активности на и отаде северната трибина, иако скоро сум сигурен дека не постои никаква пречка камерите да се постават на север и да се гледаат клупите за резерви и декорот на јужна.
Неврмајнд. Не ми е тоа муабетот.
Споменатиот прв натпревар го играме против Шкотска. Скоро сум сигурен дека ќе ги победиме. А освен тоа посебен шарм на овој дуел треба да му дадат надалеку оговараните шкотски навивачи (со килтови) кои веќе пристигаат во нашиот град.
И уште поголем шарм даваат нашите медиуми. Конкретно веста што ја видов на А1.
Од македонската полиција е подготвен оперативен план за бидат избегнати какви и да е инциденти.

Зошто на два дена пред натпреварот се прави овој муабет? За да се подгреат немири и инциденти? Зошто новинарите не напишат:
Атракцијата со килтови пристигува во Скопје. Како места за забава ги одбраа кафулињата во ГТЦ и таму чекаат спремни за дружба со локалните љубители на фудбалот. Сите заитересирани за мерење на Пандев наспроти МекФаден, Шумуликовски и Флечер, Милошовски и Гордон нека повелат на весела дружба со локално пиво (се разбира до 19 часот).
Вака даваат повод само на извесни фрустрирани структури да „си ја направат интересна.“

----

Update цитат од википедија: Tartan Army have won awards from UEFA for their combination of vocal support, friendly nature and charity work!!!
Scotland away matches are generally accompanied by a low level of policing due to their good behaviour over the years!!!

Леле мајко... за каде сме ние?!

4 comments:

Anonymous said...

[...]Зошто на два дена пред натпреварот се прави овој муабет? За да се подгреат немири и инциденти? Зошто новинарите не напишат:[...]

Затоа што се новинари. И тоа македонски.
.
..
...
Лоша комбинација...

Anonymous said...

Атмосферата е одлична, бев изненаден дека два дена порано доаѓаат, ама денес попладне беше прекрасно на кеј во Скопје :)

Мажи во килтови, и звуци на гајди. да ти е мерак да се шеташ, ко у метропола да си :)

Anonymous said...

ова го напишав на кајмакот, па еве и овде

А1 има обичај од сабајле да ги копира вестите од макфакс па за оние за кои ќе има сопствен прилог ги брише и на нивното место (буквално) ја реди својата вест (прилог).
ако кликнете на линкот од текстот ќе видите дека А1 има прекрасен текст за навивачите... баш онака како што сакал авторот на текстот...
а еве ја веста за која всушност се зборува http://www.makfax.com.mk/look/novina/art...
ако некој треба да се обвинува, тоа е макфакс, а не А1.
можеби најголем удел има полицијата која испратила до нив вакво соопштение (ова е само претпоставка).

dasaf said...

да Јован, забелешката е на место :)
правен е муабетот за тоа што А1 ги менуваат вестите под ист пермалинк и сега некој кој го чита мојот пост а не е свесен за ова - ќе ме обвини мене :)
инаку, Дарко, вечерта откако ги потфати пивото шкотите имаа културно уметничка програма со песни и ора. просто ти иде да одиш да се степаш :)