10 October 2008

Исланд - Македонија

Полека повторно не зафаќа спортска еуфорија. Можеби и најинтензивна во нашата историја, затоа што покрива голем број спортски полиња. Ако се изолираме од Олимписките игри, полека се вклучуваме во сите други големи натпреварувања. ЕУ Кошарка, СП Ракомет (м), ЕП Ракомет (ж) плус домаќини, Тенис, Ватерполо, Куглање...

Доаѓа периодот кога сите наши деца што посовреме си го фатија патот во странство овде да го валоризираат искуството од „белиот свет“. Башка се појавуваат веќе и со локален „селебрити“ и „адвертајзинг“статус. Нешто што не е честа појава кај нас. 

Ќејф ми беше кога видов пред некој ден како сме напредувале 10 места на ФИФА ранг листата. Иако јас искрено имам спорено за веродостојноста на таа листа, но во секој случај се работи за, можеби не најидеалното, но, најактуелно фудбалско рангирање. 

Како и да е, доаѓа натпреварот со Исланд. Еден од најважните натпревари за Македонската Фудбалска репрезентација во нејзината 15 годишна историја. Ме радува тоа што и 10тина дена пред натпреварот почна да се „крева прашина“ низ нашите медиуми, да се најавува овој момент, кој за нас може да биде историја. Не дека ќе не однесе во ЈАР2010, но ќе ни даде до знаење дека кај нас конечно „има нешто“. Арно ама некако секо
ј ден се крева истата прашина, некако многу сувопарни стануваат извештаите и најавите со само пар сменети зборови во однос на вчерашното издание на вестите.

Цели 57 позиции е разликата меѓу Македонија и Исланд на скалата на ФИФА, но колкав е реалниот квалитативниот јаз меѓу нас и островјаните.
Рејтингот ни годи но и не обврзува да ја оправдаме наметната фаворитска улога.
„Не очекува еден тежок натпревар сите мислат дека Исланд е, како, со послаб рејтинг од нас и дека е послаба репрезентација. Меѓутоа не се сложувам со нив, Исланд е доста квалитетна репрезентација и сигурно ќе не очекува тежок натпревар“, истакнува Влатко Гроздановски.
„Меѓутоа верувам во своите соиграчи и се надевам дека ќе оствариме поволен резултат што сигурно е победа за нас“, додава Гроздановски.
Откако еднаш бев искритикуван дека наместо да спорам кон медиумите подобро сам да превземам нешто, денес ќе пробам да склопам едно „привју“ за натпреварот, како што тоа се прави низ тој споменатиот „бел свет“.

Играме во среда во Рејкјавик. Исланд дома овие квалификации има играно само со Шкотска, пред еден месец, кога загуби 1-2. Поразот од Шкотска дојде по одличното реми 2-2 кај Норвешка каде Исланд два пати се враќал од негатива. 

Ние овој циклус исто така имаме одиграно два натпревари. Сите ја знаеме победата над Шкотска, и сите уште не боли несреќниот пораз од Холандија. Добро е што во овој Октомвриски термин играме само еден натпревар, и тоа дури во среда, откако претходно се играат натпреварите Шкотска - Норвешка и Холандија - Исланд. Овие натпревари може многу да ни ја избистрат глетката пред да се појавиме во Исланд. 

Исланд не би требало да биде никаков проблем за Лалињата в сабота. Па можеби и самите Исланѓани ќе одат на тој натправар со „мала гас“. Значајни ќе бидат првите 20-25 минути. Доколку Холандија не успее да постигне 2 гола во овој период тогаш би се очекувало многу тврд и груб натпревар кој може да ги исцрпи Исланѓаните. Што за нас ќе биде добра основа. Доколку бидат декласирани со резултат од типот 4-0 ќе биде попроблемати
чно за нас. Ако може да се земе за репер ремито кај Норвешка, па поразот дома од Шкотска, за нас најдобро би било в Сабота Исланѓаните да загубат 1-0, 2-1, или пак да извадат реми. 

Но, теоријата и не е толку битна. Да видиме што се случува со составите:

Најдобри делови од играта на Исланд се одбраната и нападот. Таму играат и најискусните и најквалитетните нивни играчи. Назад се предводени од Храидарсон и Стеинсон од
 Премиерлигашите Портсмут и Болтон. Научени на тврда и бескомпромисна игра. Им помагаат двајцата Сигурдсон, од Норвешкото Првенство. Немам точно претстава со каква формација настапува Исланд. Но во секој случај имаат добра солидна одбрана. Голманот не им го знам, и за него нема ништо да коментирам.

Нападот им главниот адут. Ги имаат Гудјонсен од Барселона и Хелгусон од Болтон. Незгодни играчи се, класични стрелци, особено Гудјонсен. 
И доаѓаме до средината, нешто што мораме да го искористиме доколку сакаме победа в среда. Освен Гунарсон од Ридинг и Халфредсон од Реџина, немаат други играчи кои играат во респектабилно првенство. Останатие кои ги имаат се млади играчи со по 22-24 години, без поголемо интернационално искуство - што значи и не баш воиграни. Овој состав на Исланд максимум има одиграно 20тина натпревари заедно.

Од друга страна пак, ние имаме голема предност на повеќе позиции. Голманот Милошевски претставува нашиот ван дер Сар. И по годините и по натпреварите за нашата репрезентација. Често ги има реметено големите имиња кои ни се спротивставиле. Да речеме натпреварот со Англија овде во Скопје. Доколку Петар е на нивото на кое сме навикнати да го гледаме - само грешки во одбраната и некои страшни удари од далечина може да му дозволат да прими гол.
Одбраната е дефинитивно најдоброто нешто во нашиот фудбал, можеби и во историјата. Иако Катанец игра со 3 класични дефанзивци и 2 крила, ретко кој не има надиграно. Седловски, Митревски и Новевски имаат огромно меѓународно искуство, плус заедно настапуваат веќе 30-тина натпревари. Крилата Петров и Лазаревски знаат и можат подобро, иако често се жртви на тактиката на Катанец. Доколку ги унапредат своите долги додавања ќе бидат додатен адут во нашиот тим. На натпреварот со Исланд би требало повеќе да ги ништат крилните акции и додавања на противникот. Веројатно Катанец е свесен дека предноста мора да ја направиме на средината. Направи добри одлуки со промените против Холандија. Очекувам и во среда одлично да изигра. 

Шумуликовски ќе игра сигурно, само не знам кој ќе му прави друштво. Гроздановски, Тасевски или Трајчов. Битно овде ќе се прави клучната разлика. Нападот ќе биде помаган од Пандев, а истурени би требало да бидат Мазнов и Стојков/Ристиќ. Освен од средината, јас конечно ја очекувам Ѕверската уткамица од Пандев. Сите знаеме кој и што е Пандев во Лацио и Италија, ама кога игра за Македонија (кој што сака нека каже) не е она што може да биде. Очекувам барем една негова симултанка во нашиот дрес.

Предности за нас: Воиграност, Среден ред, Голман.

Наши негативности: Пад на мотивација, Пад на концентрација.

Може малку и затупив. Се разбира, не сум спортски новинар :)

No comments: