01 October 2008

Google Chrome, т.н. Хромата

Бев еден од оние пар илјадници луѓе кои на најавениот ден за објава на Хромата стискаа ф5 секој саат, и еден од оние неколку пара милиони кои беа воодушевени „на прва топка“ од новиот Гугл прелистувач.
Факт е дека Гугл Инц. помести постоечки и постави нови критериуми во целокупниот интернет свет, а освен тоа постигна ѕверски економски раст на кој и азиските тигри можат да гледаат со подотворена уста.

Откако помина еуфоријата јас продолжив да си ја користам Хромата, но мора да признаам не како примарен прелистувач (броузер, де). Поради тоа што работам главно веб дизајн, веб-девелопер екстензиите за Фајрфоксот сеуште драстично ми ја олеснуваат работата, за лесно да ги напуштам. Хромата ја користам за се друго.

Но, мора да признаам дека Хромата има недостатоци кои се очигледни и кои не би требало да се случуваат. Луѓето имаат направено премногу, за на некои (според мене) ситни ствари да паѓаат. На пример, прикажувањето на Флеш анимации (Flash). Скоро и да нема веб страна која не користи нешто од оваа технологија, па дури и некои од гугл сервисите (ЈуТјуб), а Хромата скоро и да крахира во прикажувањето на флешовите. Имам навика со десен клик на некоја анимација да проверувам дали таа е флеш или не (гиф, ајакс и сл...), па кога кликам врз флеш во Хромата минат 5 минути додека да се свести.

ЈуТјуб го спомнав затоа што таму е најочигледно, затоа што сите контроли на плеерот се флеш, па ме фаќа сафра кога гледам клипчиња преку хромата.

Понатаму, основата според која луѓето од гугл го објаснуваат постоењето на хромата е нејзината френдли-ориентација спрема веб апликациите. Но, тоа искрено во оваа бета верзија баш и не се приметува. Често се случува Хромата да затупи на логирање на хттпс страни, бавно вчитување на големи динамични веб страни, па дури и вчитувањето на Ајакс знае да прави проблеми...

Останатите аспекти од феноменот Гугл Хром се елаборираа ваму-таму, така што овде нема ништо повеќе да тупам. Би препорачал да го прочитате и текстот во новото издание на Click (каде Хромата е и на насловна), каде ако ништо друго ќе ги осознаете сите работи околу овој пребарувач - НА МАКЕДОНСКИ.

1 comment:

Anonymous said...

Добра забелешка.