01 March 2009

on.net sucks!

Хронологија на настани: 
Октомври 2006 - потпишан договор со он.нет на 2 години. 0.5Мб врска и 10Гб трансфер.
31.Јануари 2008 - потпишан анекс договор на 1 година за зголемување на брзината на 1Мб и трансферот на 15Гб.
31.Јануари 2009 - истекува анексот, а со тоа и првичниот договор со он.нет.
10-15 Јануари 2009 - одам во он.нет да се распрашам за нови услови под кои би го продолжил договорот:
- Ме интересира што би добил доколку продолжам со вас и во наредниот период, затоа што моменталните услови се целосно неконкурентни на пазарот?
- Он.нет престана со нудење на wadsl пакетот, така што во иднина ќе бидете префрлени на извесните ДУО пакети со телефон и интернет. Кои се многу постабилни и дрн-дрн и дрн-дрн.
- Добро, а со овој договор шо прајме?
- Овој договор не е проблем, секако веќе wadsl не постои, вие ќе бидете најверојатно префрлени на новите пакети...
- Добро, но јас сум подстанар, и немам намера да си го комплицирам животот со фиксен телефон, со координација со газдата итн... Ми треба само интернет...
- Не е проблем тоа, ние се ќе ви наместиме, а поради тоа што немате никакви обврски со телефонот кон т-хоум, нема многу да ви се одрази дрн-дрн-дрн, еве ги понудите, изберете што најмногу ви одговара...
Се вратив дома го најдов договорот и земав да го препрочитам...
Во него стои клаузула: Доколку корисникот не го најави раскинувањето на договорот, истиот автоматски се продолжува за една година... Занимливо, си реков... Наредниот ден се јавив на инфо-бројот да им најавам дека немам намера да го продолжам договорот... типката нешто почна да ми се „испонашува“, како требало пред 15 дена да го направам тоа. Велам, зошто?, па мене за 2-3 дена ми истекува договорот, и видов дека во истиот сте пишале дека автоматски ќе го продолжите, па еве јас најавувам дека го раскинувам... 
- Епа господине, штом сте виделе дека стои таа клаузула, сте виделе дека пишува раскинувањето на договорот да се најави еден месец порано.
- Млада дамо, јас не го раскинувам договорот, мене истиот ми истекува. И НЕМА ДА ГО ПРОДОЛЖАМ! А вие веќе кога знаете за истата таа подмолна клаузула, јасно е дека немате намера да ми се јавите и да ми кажете: Вака-и-вака, ви истекува договорот, гледаме дека над 2 години редовно го користите интернетот и си плаќате уште поредовно, па ние би сакале да ви понудиме нов договор под овие-и-овие услови...
Добив нешто како: не се прави многу паметен...
Истиот ден отидов во салонот во сити галери да го потпишам раскинувањето. И таму истите овие кавги наведени погоре, за да на крај најдеме соломонско решение: Следните 10-15 дена ќе дојдеме да ја демонтираме опремата, во тој период ќе имате интернет и ќе си платите само за деновите колку што ќе го користите интернетот...
Помина точно цел месец, и на 28.02.2009 во 15:30 добивам повик: Имате рок до 20 часот да се појавите во салонот во сити галери да си ја платите сметката за цел месец фебруари и пенал од 1.000 денари, во спротивно ќе ви се генерира сметка и за МАРТ!?!??! Ама што како... (и во стилот на али-џи) дис фонкол из овер!
И покрај тоа што имав редица други планови за тој ден - јасно беше дека ќе морам да мењам нешто во агендата... 
Отидов во сити галери. Викам, пред еден месец рековте за 10-15 дена ќе дојдете да си ја земете опремата, и дека ќе платам само толку денови, а сега барате од мене и пенали да плаќам!? по која основа?
- По основа што не сте најавиле на време дека го раскинувате договорот!? 
- А вам што ви требаше 30 дена да го разгледате моето барање - и да ми се јавите во сабота во 15:30 со ултиматум... колку пенали вам треба да ви се побараат?!
- Ние не одлучуваме за тоа, не се јавуваме никому, и системот сам генерира се!
Кавгите продолжија едно 15-20 минути, и секој што во тој момент доаѓаше во салонот го известував: ако си за нов договор со нив - оди си, не се заебувај како мене!
И на крај девојката реши дека треба сум среќен што нема да ми се издаде сметка за март. Платив со кредитна картичка, прво 1.000 денари пенал, а потоа и 1.286 денари, колку што е фактурата. Сосем случајно забележив дека втората наплата ми ја направи на 2.286!?
- Зошто?
- Чекај да видам!? Ауу системот така ми ја издаде!?
- Молам?!
- Еве, некако ми ја издаде на 2.286?
- И сега?
- Епа еве ќе ти дадам потврда, оди во Тутунска и повлечи си 1.000 денари?
- МОЛАМ, СЕГА И ПО БАНКИ ДА СЕ БАФТАМ?! Нема шанса!
- Добро бе дечко, еве од мој џеб ќе ти дадам 1.000 денари.. 
- Фала богу дека ќе ми дадеш, а за вашиот совршен систем викни го сега трендо да го дебагира!
Откако се расчистивме финансиски, ми даде потврда за сите плаќања и одговор на барањето за раскинување на договорот. Ама ништо не ми даде за опремата. Си излегов од таму и веднаш направив план: ОПРЕМАТА ОД МЕНЕ НЕ ЈА ДОБИВААТ.
Ќе ми стои во некој шкаф, ама битно не им ја враќам. 
Како спомен од едно големо другарство!

п.с. Споменот може и да избледне ако некому му треба моторола wadsl приемник! го давам по фер цена :)

2 comments:

Марија said...

WOOOOW
Како само се препознав во приказнава, за чудо дури и датумиве донекаде се поклопуваат со моето речиси исто искуство, особено во делот за пеналите што ги извадија од никаде како гром од ведро небо, автоматското продолжување на договрот кој неможе по природен пат да заврши туку или предвреме ќе се раскине или ќе поминеш уште една мизерна година со нив, и така, ..., се препознав и по нервозата што ми чадеше низ ушите кога увидов со каков необучен пресонал си имам работа. Сега кога подобро размислувам се прашувам колку не има вакви офф.нет к’сметлии...

dasaf said...

да, марија, по она што го слушам има доста вакви „пациенти“ ко нас.
но жалното е што овој проблем е всушност систем во државава.
не можеш ништо да направиш лесно и едноставно ниту во државна, а веќе ниту во приватна фирма.