30 July 2009

Диктатура, Здраво!

И после два дена од објавувањето на веста, сеуште не можам да се стрпам и да не изреагирам.

ФФМ па уште и со поддршка од УЕФА издаде листа на забранети термини во кои домашните телевизии не смеат да емитуваат странски фудбалски првенства затоа што во тие термини се играат натправари од домашното батак-првенство.

Јас се сметам себе си за фудбалски фанатик. Играв и играм, гледав и гледам фудбал во секоја прилика. И оваа одлука ја сметам за дискриминирачка, диктаторска или во најмала рака не-фер.

100% сум сигурен дека оваа одлука нема да промени ништо во македонскиот фудбал, слично како и одлуката да не се продава пиво после 19ч што не може да влијае на намалување на алкохолизмот на населението.

Ќе нафрлам неколку примери за да го оправдам мојот став:
  1. Во мај 2007 се играше финалето на купот на Англија. Играа Манчестер Јунајтед и Челзи. Јас сум деклариран навивач на Манчестер, што значи финалето беше must-see настан. Арно ама се погоди во истиот ден во истиот термин да се игра и кошаркарски натпревар од финалната серија на Струмица и Фени. И се разбира, јас отидов на кошарка, иако и фудбалскиот натпревар одеше на тв. Резултатот од фудбалот го добивав по смс од пријатели :)
  2. Многу градови воопшто немаат прволигаши. Поточно градови кои имаат прволигаши се: куманово, Битола, Кратово, Тетово, Скопје и Прилеп, плус и две села: Џепчиште и Турново. Значи, Велес, Кавадарци, Неготино, Струмица, Радовиш, Штип, Кочани, Кичево, Гостивар... траба да не гледаат фудбал на телевизија затоа што во исто време се игра натпревар во Турново?!
  3. Еве да речеме твојот град има прволигаш кој добро котира на табелата, и одиш на некој дерби натпревар. Кои услови ќе ги затекнеш на стадионите кои ќе ти овозможат пријатен престој од 2-3 часа? Да не правиме муабет за нивото на квалитет на натпреварите, а уште помалку да се задржиме на квалитетот на тревата т.е. ливадата на која се играат натправарите!
  4. Зошто ако во недела Пандев со Лацио игра против Жозе Мурињо ние тоа да не смееме да го гледаме?!
  5. Да се поврзам уште еднаш со првата моја констатација: Зошто некој се плаши дека ако има квалитетен натпревар во живо, некој ќе остане дома да гледа/слуша Сител?
  6. Што правиме со ОБН, Спорт, ДСФ и други слични канали кои ги даваат забранетите натпревари, а истите канали ги пренесуваат сите кабелски оператори!? Елминираме атрактивни рекламни термини за промоција на македонски производи.
Еве нека каже некој дека не сум во право, па да дебатираме...

1 comment:

ribaro mk said...

Не знам кој фудбал им смета сега на навивачите, или гледаат ватерполо, па само 1000-1500 се присутни на натпревар од 3 коло на Евролигата? Башка што Работнички игра одлично бар прво полувреме. Тотатлно дислокација на проблемот е преместувањето на преносите. Сигурно и за ова препишале од Хрватите, ама не дочитале до крај.