06 August 2009

Диктатура II

Ајде што е неподносливо жешко некако и да сфатам, таква клима имаме, сме издржале и ќе издржиме.
Ама па и некој да те гори плус, е тоа нема уште долго да се издржи!
Не сум редовен на блогов (твитер е крив), ама 2 поста на слична тема во неполни 10 дена е најмалку што можам. Минатата недела пишував за преносите во фудбал. Денеска пак основната провокација ми е фудбалот, натпреварот Македонија Шпанија, за кој се дига галама уште откако беше најавен.
Се поизвесно е дека некој сака овој ден да биде една приватна забава. Тоа делумно им успеа со отворањето на салата Борис Трајковски но не сум баш сигурен дали ќе успее и овојпат.
Може некој ќе се присети како си помина екс министерката за култура, Ганка Самоилова Цветановска на фестивалот Таксират. Оти не сфатат дека само со тоа што одобриле пари од Министерството не значи дека ги следуваат и бескрајни говори и паламудења (fyi Ганка беше изсвиркана).
Како вегета на целокупната калакурница што се случува последниве денови: спор со Бугарија, спор со Грција, исчезнати деца, Ламбе милувања и сл... доаѓа и одлуката да се забранат ТВ Нова и ОВН.
И што!? И сега што?
Дефинитивно Саша Барон Коен треба да размисли дека на Борат, Бруно и Али Џи треба да додаде и еден македонски лик, со тоа што нема да има потреба да биде толку креативен и да измислува приказни, само треба да ги интерпретира. И тоа ќе биде доволно за светот вистински да не перципира како „фрикови“.
И за крај:

1 comment:

Unknown said...

:) Добар блог.