26 April 2010

Паушални вести

Португалецот Роналдо за неполна сезона само во Мадрид продал 1,2 милион дреса со деветката на грбот. Значи донел заработувачка од 100 милиони евра и го исплатил својот 94 милиони евра вреден трансфер во Реал од Манчестер јунајтед.

Ова го пренесува дневникот Нова Македонија. Не го знам изворот, ама овие реченици се математички сомнителни. Па да пробам да ви објаснам:

Доколку продале 1,2 милиони дресови и оствариле заработувачка од 100 милиони евра тоа значи дека профиотот по продаден дрес изнесува 83,33€. На официјалната страна на Реал Мадрид редовната цена на дресот на Роналдо изнесува £61.94 или 71.79€. Да не зборуваме дека во празничните периоди ваквите продавници објавуваат промоции и попусти кога овие дресови чинат околу 30-40€.
Но доколку сите 1,2 милиони дресови се продадени по редовната цена од 72€ и под претпоставка дека половина од цената е профит (што во пазарната економија скоро никогаш не е случај) т.е. 36€, тогаш вкупниот профит изнесува 43,200,000€ што е многу помалку од двојно помалку :)
Или обратно, доколку профитот од еден дрес изнесува 36€ тогаш би требало да бидат продадени скоро 2,7 милиони дресови.

Дури и тогаш не би можело да се смета дека трансферот е исплатен, затоа што знаеме дека месечната плата на Роналдо е една од најголемите, па на кој начин би се обезбедувала истата?

Некогаш освен Google Translate потребен е и калкулатор.

credits to Iceto5 :)

No comments: