04 January 2010

Ај, де објасни...

Татко ми е новопечен зависник од интернет. Пензионерските денови му овозможуваат многу повеќе слободно време за „киснење“ пред компјутер. А тоа и дава резултати: на пример, има 120 бода повеќе од мене на Fantasy Premier League :)
Деновиве имавме „расправа“ на тема блогери, блогерство, и губење време. Целта му беше да сфати што е толкавиот buzz по таа сфера и зошто и „јас сум таму“.
Не ме бива многу за објаснување, ама ги произнесов моите аргументи и добив интересен feedback:

Во Струмица имаше една фудбалска екипа Бирлик (се сеќавам и јас на тој тим, м.з.), кој играше во некоја супер регионална лига, 3-4 по ранг во државата. Играа на помошниот терен и собираа доволно публика да го опкружи теренот во 2-3 реда, стоејќи се разбира. Таму се играше „као“ по правите фудбалски правила. Ама се беше опуштено и забавно. И публика, и судии и играчи... Дури имаше и градски фаци и ѕвезди од фудбалерите на Бирлик. Арно ама, никој не очекуваше дека еден ден Бирлик ќе игра во прва лига и дека ќе одат да го гледаат на Градскиот стадион. Дури и да се случеше тоа, немаше ќејфот да биде ист, и пак ќе се бараше екипата што ќе игра забавен фудбал на помошниот терен, а не „уфирцан и испеглан“ фудбал.
Дали е иста аналогијата и со блогерите? Кој е патот на блогерите, и каде води?

Не дадов некој прецизен одговор.

1 comment:

Развигор said...

Линк на Пинг до овој блог-запис:

* Ај, де објасни...