27 May 2011

Скопје на жар

прекинувам длабок блого-мораториум да споделам впечатоци од Скопје Гори 2011
Не можам да останам ладнокрвен на тоа што го видов вчера, па мора овде да се „испразнам“.

Авалон успеале да ги договорат ланските chart-breakers Hurts за концерт во Скопје, ама поради тоа што нивните настапи траат 50 минути решиле да ги вклопат во Фестивалско пакување.
Направиле солиден лајнап за подршка на британците (S.A.R.S., Elemental, Gramophondzije и Чалгија Саунд Систем).
Објавија прецизен тајминг 2-3 дена пред концертот.
Сето тоа личи на добра основа за да лупнат и цена од 15€.

Арно ама...

Освен што се погрижиле настапот на Hurts да звучи како што треба, не направија НИШТО друго.

Фестивалот каснеше саат-и-кусур иако Чалгија СС беа на сцената. Тотално расштимано озвучување. Еден куп луѓе и се изредија на миксетата, дури дојде и Доријан (член на Чалгија).
Некако подесија и во 9:20 почнаа.
Нив секако не им е баш место во Метрополис. Веројатно да се одржеше фестивалот на Кале (нели, поради временски неприлики беше префрлен на саем) ќе беше поинтересно, вака...
Башка тогаш во салата имаше 284 гледачи па ечеше ехо.

Само 5-6 минути по крајот на Чалгаџиите почнаа САРС, веројатно оти не делат инструменти со нив, па озвучувањето требаше да е подесено од претходно. Арно ама не беше, па посведочивме дузина тешки дисторзии и фонии. Дечките избрзаа да го исвират планираното за да ја ослободат сцената во 23:00 за „ѕвездите“.

Тука иде и проблемот што најмногу ми сметаше. За да им се излезе во пресрет на принципиелните англичани и да си го одржат настапот во дефинираните 23:00 Елементал беа префрлени после нив. Океј, ќе си кажеш ништо-страшно. Ама затоа-потоа.

Иако беа во грч, по мое, САРС треба уште малку да ги извежбаат и уиграат песните и аранжманите од новиот албум (кој инаку мене ептен ми легна. одлично, одлично сработено). Сепак, успешно ја анимираа веќе насобраната публика (некои си иљада-и-пе-шесто) и мене ме изненадија со некои нови интересни аранжмани на некои од нивните песни.

Hurts имаа сосем коректен настап. Иако се премногу уфилмани и на моменти „глумат-лудило“, сепак добро звучеа. И озвучувањето за нив беше одлично. Нормално, педесетина минути и еден режиран бис е доволно за „да се запознаеме“. Им посакувам успешен и втор албум, иако мислам дека сепак ќе си останат one-hit-wonder. Може веќе имаше две илјади луѓе во Метрополис.

Откако завршија, останаа бедни пет-шестотини за настапот на Елементал. Сум бил на свирки на овој бенд (Хавана, летна и зимска) каде што сами имаа повеќе публика, но ете, оние кои останавме пробавме да се забавуваме.

Проба и бендот. Како и секогаш јаки и енергични. Ама: „факин-шит“ озвучување. Првите 3 песни не се разликуваше дали пее Реми или Shot. Се слушаа само басот и гитарата. Другото дисторзија.

Се наштимаа некаде на средина на настап, ама од такт ги извади и нив, а и мене тоа што идиотите од Hurts за време на цел настап си ги расчистуваа нивните остатоци од сцена. Пакуваа звучници, демонтираа тапани, клавијатури, ѓаволи-бесови.

Реми не додржа и им објасни: „Јебеш британци ако не ти ја ослободуваат сцената“ (мој слободен превод). Овде мораше организаторот поинаку да реагира. Вака, покрај британците и Авалон не ги испочитува Елементал.

Тоа е. Јас си отидов после нив, веќе беше 1:30. Не знам, ама веројатно на Грамофонџије имаше 96 луѓе во публика.

На крај да додадам, наливно пиво 0,33l беше 100 денари, наливна 0,25l Coke беше 50, ама дечките на 2 шанка ми кажаа: Немаме ситно. Па не земав.

Резиме: Наместо фестивал, ова пак испадна само настап на Hurts. Може ќе кажат од Авалон дека за 15€ сме биле најпривилегирани во Европа за да видиме такви ѕвезди, ама сигурен сум дека и Hurts видоа најмалку публика.
Освен нив, дисторзии, фонии, скапо и празно.
Ептен празно.
Не беше ни „Скопје на жар“, ами „Скопје на свеќа“.

11 comments:

Mario said...

Не бев вчера, ама по ова што го гледам, единствениот виновник за сето ова е Авалон. Нема што да ја бараш кривицата во Hurts што си ги собирале инструментите додека свиреле Елементал. Hurst човече имаат настап денес и мораат да кинисаат, се е кај нив испланирано.

Дека 15 евра е МИЗЕРНА сума за карта, мизерна е. Ама ние сме балканци што не поштуваат уметност, што пре и добиле низ малиот прозор од ВЦ-то него да платат 15 евра за концерт. Не дека немаат, да не се лажеме!

Како и да е, покакале Авалон, тоа е што е, затоа малку ѕвезди ќе доаѓаат кај нас. Ем не плаќаме, ем фрки се дешаваат....

dasaf said...

фала ти за реакцијата.
претпоставувам дека кај Hurts се е испланирано, ама можеле планот да го соопштат на организаторот.
или пак веќе ако не го соопштиле, да пробале да најдат компромис „на-лице-место“.
многу е непријатно некој да свири и пее на сцена, а некои да се „шуња“ и разносува ствари наоколу.
ама, ко и се друго, секое чудо за три дена. и така петсто години.

Stariot said...

Не беше тоа што се очекуваше...
Истово сакав да го срочам во неколку твита, но сега само че те ретвитам. :-)

Поздрав.

dasaf said...

10x :)

Anonymous said...

Postovanje momak za tebe i tvojot tekst,kade sto go potpisuvam sekoj tvoj zbor osven za delot od tvojata povrsna analiza za nastupot na Hurts!
Spred mnogumina relevantni kriticari i znalci,retko koja podobra grupa (ili bend ako sakas) nastupila u Skopje,so taka dobar ,moken nastap, i retko koj uspeal da zvuci podobro vo zivo otkolku doma na CD pleer.Ovaka,Ti ni gi prestavi u najmala ruka kao nekoja neznacitelna grupicka od Poljska ili Slovacka,a ne kako ZVANICNO najdobar Britanski bend spored NME 9pretpostavuvam deka znaes kolku se tie vlijatelni i sto toa znaci)
Bi ti preporacal da prosetas malce niz Srpskite portali (Blic,Mindo,B92,NaDlanu) i da gi poglednes komentarite i vpecatocite za Hurts i od publikata i od relevantnite kriticari!

dasaf said...

Фала Anonymous за реакцијата.

Реакцијата за настапот на Hurts веројатно ќе ми беше поопфатна ако не ме разочараа со „шуткањето“ по сцена за време на настапот на Елементал. Тоа ми беше главната провокација да пишувам...

Наведов дека се chart-breakers, знаеме што значи тоа, наведов дека звучеа одлично, и тоа мене ме изненади. Не очекував.

Особено ми се допадна моментот кога клавијатуристот засвире на гитара.

Е сега, за тоа дали и колку се влијателни не се прави муабет кога некој бенд постои 12 месеци. Тие се едни од откритијата на 2010, ама имаат уште пат за одење. Можеби ќе станат Крафтверк на 21 век и ние ќе сме пресреќни дека сме ги гледале уште во првата година :)

И не верувам дека некој што ќе го донесе патот до мојов блог дека не ги знае Hurts и да добие впечаток дека се од „третиот свет“ :)

Anonymous said...

Tocno taka! Se soglasuvam vtorpat,no si me razbral pogesno.Koga mislev za vlijatelni mislev na NME (New Musical Express) magazinot spored koisto Hurts bea najdobar NOV (i toa go zaboraviv vo komentarot,a ne smeev) bend za 2010.Retkost e (osobeno kaj nas,bidejki vazime za mnogu prebirliva publika)koga bend so samo 2 chart hita i totalno nekomercijalna
muzika moze da izmami kolektiven osmeh na lice kaj publikata posle nastapot.Hurts ne se nikakvo cudo,tuku spored mene osvezuvanje na Britanskata i svetska muzicka scena.Kolku ke traat (se nadevam bar na uste eden vakov album) ostanuva da vidime...
A za Avalon i nivniot arogantski i prepoteneten odnos (nie i nikoj drug ili da ne bevme nie od Ceca nisto poveke nemase da vidite) mozeme da diskutirame do utre...So pravo!
Pozz i sekoe dobro...

Anonymous said...

бев и јас, точно е дека очекував каде каде повеќе..чалгија ајде помина ..сарс на нив најбоље си поминав,..т.е. ја заради нив и елементал дојдов најмногу, на хртс 6-7 песни им знам :$ ама гајле ми е. потоа хртс..па фино беше да, ми се допага она шо си се у свој фазон онака здрвени..и баш ми се допаднаа..и точно се е до авалон па хртс ипак беа ѕвезди на вечерта тоа не може да се оспори само тоа јавно се прикажуваше, и многу јасно хртс се сеа на турнеа низ европа и мора се да биде по планот:) понатаму , елементаааааал да и на нив најбоље си поминав..жал ми беше шо имаше мнг малце луѓе али јасно беше дека 85% беа дојдени за хртс..шо најискрено 900 ден да дадам САМО за нив не..као шо прочитав погоре еденм коментар не е дека немаат..абе ајде? да не имааме да фрламе по 1000ка..второ не може да се каже не се цени уметноста..секој си има свој поглед и сфаќање кон зборот уметност, ете мене хртс не ми се баш синоним за тоа..не дека се лоши дечките ама деф за нив 500 ден најмнг давам, а тоа што се сеа светски познати..оставаме на страна:) бидете реални и кажете си да не беа СВЕТСКИ познати .. ке дадевте 900 ден? хаха не ми зборете ценење на уметност..па шо тоаш не идете на фолтин беј д фиш за БЕСПАРИ?! абе ајде. грамафонџи..не останав :\ ептен изморена бев накај 20 до 2 фатив џомка накај дома:-) али реално глеано..се на се супер си поминав..само што мислам дека далеку боље ке беше филингот на кале..и се тоа:) со свои предности.. и да фестивалов заслужи повеке народ..али тука мислам дека совршено одговара фразата "ТОЛКУ за ТИЕ пари" бидете ми поздравени.

dasaf said...

Фала ти на коментарот.
Мило ми е што сепак текстов допре до некои луѓе и драго ми е што се вклучивте во дискусија...

Одприлика сме имале слични очекувања од концертот. Искрено, да не беа САРС и Елементал не сум сигурен дека ќе одев на фестивалот (и да платам карта), вака ми беа добра комбинација.

А тоа за публиката, некогаш колку и да е добар настапот ако нема гужва не е комплетна сликата за добар концерт...

Anonymous said...

Здравствуйте, друзья!

Благотворение жаловать в [url=http://art-jam-gallery.ru/]шеренга [/url]

Что мы можем справлять чтобы Вас?

Разве Вы желаете украсить свою квартиру либо хоромы, придать неповторимый цвет своему офису как исполнять красивый дар, Вы можете воспользоваться услугами [url=http://art-jam-gallery.ru/about/]Архитектурная графика[/url].
Вы можете приобрести в нашей галерее готовые и выполненные соразмерно вашему желанию картины:
Портреты - искусство маслом чтобы холсте, картина, графика. С натуры и сообразно фотографии. Возможна выдумка окружающего вида вовремя желанию клиента. Всяк размер.
Пейзажи - искусство маcлом воеже холсте, фигура, графика. Готовые, написанные художником с натуры, для пленэре, alias для поручение соответственно фотографии.

Также, в нашей галерее, вы сможете подобрать применительно своему вкусу:[url=http://art-jam-gallery.ru/category/painting/]подкупать картину[/url] натюрморты, композиции, изделия Декоративно-Прикладного Искусства (ДПИ) - вышивка, гобелены, изделия из стекла.
Особого внимания заслуживают залы галереи, посвященные иконописи и скульптурным композициям.

У Вас питаться уникальная решаться сулить картину [url=http://art-jam-gallery.ru/category/photo/]фотография в интерьере[/url] (гравюра, норов, натюрморт - искусство, графика) нешто чин поверхностей (стены, потолки тож др.) у художника из нашей галереи. Издавна чем обещать
картину
, подумайте, чтобы Вы хотели выговаривать для картине, которая полно гарнировать стену Вашего офиса alias дома? Каков часть, образ и суть такой картины [url=http://art-jam-gallery.ru/category/drawing/]рисунки[/url]? Для облегчения задачи выбора, выше коллектив окажет Вам помощь на любом этапе разработки дизайнерского (оформительского) проекта.

Anonymous said...

Непрерывно парни когда-то задавались вопросом — [url=http://www.pickuper.biz/]как познакомиться и соблазнить девушку[/url]? Кто-то хочет отношений, кому-то важен секс сиречь незатейный много женского внимания. Для мужчины это чрезвычайно гордо, ведь перевес у женщин это показатель успешности мужчины тоже. И сговориться воля обыкновенный показатель, чаще только, мужчина который знает, [url=http://www.pickuper.biz/pravilnii_podho/] иначе соблазнить девушку[/url], также знает, как поспеть успеха в карьере и других делах. Безотлучно каждодневный — он смертный действия. Наша проживание динамична, лучший очень претенциозно огонь сооружать кардинальный аллюр, пока остальные размышляют. Этому обучают [url=http://www.pickuper.biz/]соблазнение воеже парней[/url]. Любые события в нашей жизни начинаются с первого шага.
[url=http://www.pickuper.biz/]Правила пикапа[/url]учит являть этот аллюр к женщине. А кто же мешает тебе простодушный подсесть к понравившейся девушке в кафе? Незатейливый шуметь «Привет» красотке, встреченной для улице? Элементарный предложить встретиться девушке, которая тебе давно нравится? Размышления. Мы мужики любим грезить, а случалось стоит брать и сделать. Недостает, всего постой, а враз у меня не получится, а случайно у нее есть мужчина, а прелюдий меня отошьют и всегда это увидят? А зараз, а нежданнонегаданно… Это твои внутренние ограничения и рамки, которые ты сам ради себя поставил.
[url=http://www.pickuper.biz/]Пикапер[/url] учит рекомендовать инициативу с женщинами, а не оттягивать у моря погоды. Твое «Впоследствии», «Не ныне», «В завершительный некогда» очень непринужденно могут превратиться в «ОТРОДУ». Вспомни, ведь забивал же чтобы что-то раньше? А который было желание буде сделал? Опытность действия, который тебе даст тренинг [url=http://www.pickuper.biz/pravilnii_podho/]как познакомиться с девушкой[/url], непринужденно переносится ради другие сферы, именно следовательно наши студенты становятся успешнее в работе, ценнее дабы друзей и желаннее воеже женщин. Ты знаешь [url=http://www.pickuper.biz/]как познакомиться и соблазнить девушку[/url]девушку, которая не обращает ради тебя никакого внимания? Alias может тебе нужен совет [url=http://www.pickuper.biz/]как влюбить в себя девушку[/url], которая тебе давно нравится? Приходи к нам, и не думай, который нормальным мужикам не нужны тренинги. Нормальные мужики, когда чего-то не знают, спросят у тех, кто в этом профи. Это эффективная прототип поведения в современном мире, несказанно сложно повсюду удаваться самому.
Вероятно, ты потратил купа времени для спорт, учебу либо свой бизнес, мы же с 2004 возраст тратим свое эпоха ради девушек и имеем громадный мука в этой теме. Дозволено пред бесконечности бухнуть себя пяткой в единица, доказывая, сколько «с девушками у меня весь отличный» и около этом быть одному сиречь не с той о которой мечтаешь, а дозволено дебютировать и научиться. Уже продавать первые два дня любого нашего тренинга, ты узнаешь, действительно понравиться девушке чрез которой у тебя захватывает дух. А пройдя путь вовсе, ты будешь лже знать [url=http://www.pickuper.biz/pravilnii_podho/] как соблазнить девушку[/url], сделав из вашего знакомства приключение. После, впоследствии пора, чтобы задача «А вроде вы познакомились?» тебе порядочно что рассказать, а размышляющие ответят — для работе…
Главная сила мужчины — струнка узнавать искушение слабости. Нашей слабостью всегда были девушки, признав это, мы обрели силу. [url=http://www.pickuper.biz/tipi_poceluev/ ]Виды поцелуев[/url] дадут эту силу тебе. И дадут тебе испытывать освоить [url=http://www.pickuper.biz/french_kiss/ ]французский поцелуй[/url]. Следовательно тебе «нуждаться подумать» над этим, однако не затягивай. Почитай сайт, тебе понравится.